Врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 275/19 и 122/21) и Одлуката за давање согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија бр.41-7644/4 од 17 декември 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.258 од 18 декември 2024 година), Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје, објавува

 

Јавен повик

За избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, на движни ствари – опрема кои се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и не можат да се продадат или разменат како такви и истите не се користат од страна на Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје

 

Критериум за избор на правно лице е рокот за преземање на движните ствари предмет на јавниот повик.

Рокот за превземање не треба да биде подолг од 10 (десет) работни дена.

Преземањето на движните ствари е без надомест.

Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари предмет на јавниот повик од следните локации:

– Простории на „М-НАВ“ А.Д. Скопје – контрола на летање ул.Босфор бр.7, Мралино, Илинден и
– Метален контејнер во близина на КЛ Охрид – Аеродором Свети Апостол Павле Охрид

И истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, издадена од надлежен орган.

Лице за контакт во врска со јавниот повик: Игор Андреевски, телефон за контакт 070/210-680, електронска адреса: igor.andreevski@mnavigation.mk

Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се превземе од веб страната Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите за учество е 03.03.2025 година до 15:00 часот.

Управен одбор

Владимир Ристески – Претседател на Управен одбор

_____________________________________

Климент Чепуњоски – Член на Управен одбор
_____________________________________

Buran Aliti – Член на Управен одбор /Anëtar i Këshillit Drejtues

__________________________________

Јавен повик за избор на правно лице за собирање на отпад (pdf документ)

Линкот за Инструкција по јавен повик