ВОЗДУХОПЛОВНА ТЕХНИКА

Комуникации

М-НАВ ги дава сите видови на комуникациски услуги со што се гарантира безбедност во воздушниот сообраќај на двата меѓународни аеродроми и во воздушниот простор во Република Северна Македонија, во согласност со стандардите и препорачаните практики на ИКАО и со Директивите на европската Комисија кои се обврзувачки во оваа сфера..

Системи за комуникација воздух-земја

Системите за комуникација воздух-земја се радио комуникациски системи преку кои воздухопловот комуницира со контролата на летање во нејзината област на надлежност. Комуникациските системи работат во VHF опсег одреден за овој тип на комуникација согласно меѓународната координација за алокација на опсег на фреквенции. Корисници на оваа услуга се воздухоплови кои ја прелетуваат територијта, воздухоплови кои летаат на двата меѓународни аеродроми, спортски воздухоплови, генерална авијација како и воени воздухоплови. Опремата која се употребува се наоѓа на Солунска Глава, со цел да се добие добра радио покриеност низ Република Северна Македонија. Радио опрема е инсталирана и на Интернационалниот аеродром Скопје за да се добие редундантност и за аеродромската контролна кула, а исто така и соодветна опрема за аеродромската контролна кула е инсталирана на Аеродромот Свети Апостол Павле.

Системи за комуникација земја-земја

Контролата на летање во Скопје врши размена на воздухопловни податоци со соседните центри.
Системот за гласовна комуникација е систем кој се состои од контролорски работни позиции на кои има екран на допис, комуникациски приклучоци (микрофон, слушалки) и периферни комуникациски системи (VHF радио, закупени водови со соседните центри), со што се добива безбедна комуникација воздух-земја и земја-земја меѓу контролорите на летање со воздухопловите но и со соседните центри исто така..

Гониометар

Гониометарот во приод е инсталиран на двата меѓународни аеродроми..

Системи за снимање

Контролата на летање во Скопје има дигитален снимач на гласовни канали со капацитет за снимање на максимум 120 канали. Снимките се чуваат 30 дена во два независни системи , во согласност со препораките на ИКАО..

Контролата на летање во Охрид има исто така и дигитален снимач.

 

Метеоролошки системи

Точни метеоролошки податоци се добиваат со систем на електронски сензори за мерење на метеоролошки вредности и појави, како што се: температура, брзина и правец на ветер, видливост, база на облачност, атмосферски празнења итн. Сензорите се наоѓаат во близина на прагот на полетно-слетните патеки во Скопје и Охрид

Навигација

Навигациските уреди (Navigational aids -Navaids) се радионавигациска инфраструктура за поддршка на навигацијата при рутни операции, на навигацијата при операции за прецизен и непрецизен приод, како и на навигацијата при операции за прецизно слетување. Преку емитирани радио бранови пилотот добива информации за позицијата на воздухопловот, правецот и растојанието од референтните навигациски уреди кои се наоѓаат на земјата. Кога станува збор за најновата генерација на воздухоплови, истите имаат опција истовремено да примаат повеќе сигнали од радио навигациските уреди кои се наоѓаат на земјата, а со нивна обработка се одредува и позицијата на воздухопловот.

Надзор

Радар (скратеница од англиските зборови  Radar Detection and Ranging)  е радио уред за препознавање кој се употребува за одредување на положбата на воздухопловот а со кој се добива веродостојна слика на ситуацијата во воздушниот простор и на земја, со што се врши безбедно раздвојување на контролираниот сообраќај но и се подобрува АТС капацитетот во контролираната област. М-НАВ употребува сопствени радарски системи за контрола на цивилниот и воздушниот воен сообраќај. Овие радарски системи со радарските системи во соседните Држави се интегрирани во мултирадарските системи за одредување на патека за да се добие повеќекратна покриеност, голема точност и квалитетно препознавање на таргетот.

Системи за обработка на податоци

Информациските системи или системите за обработка на податоците се интегриран дел на КЛ системот. Земајќи во предвид дека безбедното и ефикасно одвивање на воздушниот сообраќај е исклучително сложен процес, истото не може да се замисли без софистицирани системи за обработка на податоците. Обработените податоци се различни, како на пример: радарски подароци, предполетни податоци, податоци за план на летање, метеоролошки податоци, податоци со технички статус, податоци за проток на сообраќај, статистички податоци итн.

Електрично напојување

Опремата/системите за електрично напојување имаат главна улога во работата на CNS/ATM системите па последователно и во безбедното и навремено давање на услуги во воздухопловната навигација. Изворите/опремите/системите за електрично напојување  – квалитетот, расположливоста, капацитетот и точноста се основните технички предуслови за интегритет и исправност на CNS/ATM системите. За точен распоред, инсталирање, одржување, следење  и контрола треба да се исполнат условите од стандардите и регулативите за електрично напојување, како национални така и меѓународни. Во однос на типот и функцијата,  постои јасна разлика меѓу примарното или комерцијалното електрично напојување (ЕВН) како надворешен елемент и секундарното електрично напојување (резервно, непрекинато) како внатрешен елемент во М-НАВ.