МЕТЕОРОЛОШКИ УСЛУГИ
Опсервации
Наша суштинска мисија е клиентите да добиваат воздухопловни МЕТ информации. Во М-НАВ се прават точни метеоролошки опсервации и мерења и се издаваат временски прогнози и предупредувања на аеродромите. Делуваме како центар за метеоролошки надзор во Skopje FIR. Нашата метеоролошка служба исто така им доставува на корисниците на воздушниот простор и меѓународни метеоролошки информации.
Моменталните временски услови се обзервираат непрекинато од обзерверските станици на двата меѓународни аеродроми – Скопје и Охрид. Врз основа на овие податоци, се креираат опсервациски пораки (METAR пораки), кодирани во согласност со меѓународните договори кои редовно се издаваат на меѓународна скала. Исто така има и станица за детектирање на грмотевици и со помош на временските сателитски слики ни помага да ги предвидиме метеоролошките феномени кои се опасни за воздушниот сообраќај
Временски прогнози и предупредувања
Со цел да се издадат временски прогнози во воздушниот сообраќај, потребно е да се подготви серија на пораки и билтени кои се во согласност со меѓународните договори , стандардите и препораките на Анекс 3 на ИКАО и други релевантни ИКАО и WMO документи.
Временските прогнози не само што се конвертираат во текстуални пораки туку и се прикажуваат графички во форма на карти и метеограми, ако е потребно. Сите страни во воздушниот сообраќај добиваат предупредувања за опасни временски феномени така што може да преземат активности за оптимално обезбедување на безбедност при вршење на операции.
Тренинг
Во М-НАВ се дава обука во самата организација на целиот персонал во МЕТ Одделението но и на останатиот МЕТ персонал (контролори на летање, технички персонал итн.). Се обезбедуваат курсеви за обука за воздухопловна метеорологија со кои се задоволуваат потребите на трети страни и на персоналот кој не е вработен во М-НАВ (оператори на аеродром, воени пилоти, спортски пилоти итн.) За повеќе информации околу метео обуката, Ве молам стапете во контакт со М-НАВ и со МЕТ одделението директно.
Климатологија
Во нашата климатолошка база на податоци (CLDB од Microstep-MIS) се собираат метеоролошки податоци на Аеродромите Скопје и Охрид. Овие податоци се проверуваат и архивираат за понатамошна употреба, се конвертираат во климатолошки резимеа кои се составени за задоволување на потребите на заинтересираните страни, како што се Влада, контролори на летање, корисници на аеродромски услуги итн.