Финансирање

Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД – Скопје е непрофитабилно трговско друштво кое не се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија туку од сопствени средства кои ги добива од Eurocontrol за давање на услуги во воздухопловната навигација и нивната намена е јасно дефинирана со ЕУ Регулативата 1794/2006.

Средствата кои што ги добиваа „М-НАВ“ А.Д. – Скопје (давател на услуги во воздухопловната навигација) се користат за да се обезбеди безбедност и сигурност во воздухопловството преку инвестирање во надградба на системите , нивно редовно одржување и вложување во кадарот кој работи во нашето Друштво што опфаќа плати и нивно континуирано стручно оспособување .

М-НАВ АД Скопје, се финансира на следниот начин:

  • делот од надоместокот остварен по основ на давање на услуги на воздухопловна навигација чија висина се утврдува со трошковник на давателот на услуги на воздухопловна навигација на начин пропишан согласно со членот 56 став (4) на Законот за воздухопловство,
  • надоместок за обука на ANS персонал и
  • даноци, заеми, кредити и друга финансиска и техничка помош.

(1) За користење на услуги на воздухопловна навигација во македонскиот воздушен простор, операторот на воздухопловот плаќа надоместок, кој се состои од надоместок со кој се финансираат трошоците за услуги за прелети (En Route Charges) и надоместок со кој се финансираат трошоците за терминални услуги (Terminal Charges).

(2) Надоместокот со кој се финансираат трошоците за услуги за прелети (En Route Charges) од ставот (1) на овој член го наплатува EUROCONTROL и го пренесува на Агенцијата и на давателот на услуги на воздухопловна навигација врз основа на претходно склучен договор.

(3) Надоместокот со кој се финансираат трошоците за терминални услуги (Terminal Charges) од ставот (1) на овој член, го наплатува давателот на услуги на воздухопловна навигација или EUROCONTROL. Доколку надоместокот го наплатува EUROCONTROL истиот го пренесува на давателот на услуги на воздухопловна навигација врз основа на претходно склучен договор.