Уверение за оспособеност за давање на услуги на воздухопловна навигација
АД „М-НАВ“ Скопје Давател на услуги во воздухопловна навигација е правно тело кое поседува Уверение за оспособеност за давање на услуги на воздухопловна навигација и истото извршува функции за давање на услуги на воздухопловна навигација во контролираниот воздушен простор во Република Северна Македонија. Уверението го издава и верификува државен орган, Агенција за цивилно воздухопловство во Република Северна Македонија и истото се издава за период од две години од денот на издавање. Агенцијата за цивилно воздухопловство потврдува дека АД „М-НАВ“ Скопје ги исполнува пропишаните услови за давање на услугите на воздухопловна навигација. Како имател на Уверение за оспособеност за давање на услуги на воздухопловна навигација, Давателот покажува дека ги исполнува условите за добивање на Уверение, некои од нив се: стручна оспособеност и адекватност, системи за управување со безбедност и квалитет, системи за пријавување и финансиска способност, сигурност, сопственост и организациска структура како и човечки ресури, вклучувајќи екипираност.
Уверение на Центарот за обука на АТСЕП персонал
Агенцијата за цивилно воздухопловство во Република Северна Македонија го овластува Центарот за обука на АТСЕП персонал во АД “М-НАВ” да врши обука на АТСЕП персонал, истиот ги исполнува условите пропишани со Правилникот за стручно оспособување, проверки, дозволи и овластувања на персоналот за поставување, одржување, контрола и мониторирање на техничките средства, уредите и опремата за давање на услуги на воздухопловната навигација. Со Уверението се одредува стручната оспособеност на Центарот за вршење обука на АТСЕП на следниве курсеви: Почетна обука; Обука за овластување; Континуирана обука; Напредна обука. Уверението се издава за период од две години од денот на издавање.
Уверение на Центарот за обука за АИС персонал во АД “М-НАВ”
Агенцијата за цивилно воздухопловство во Република Северна Македонија го овластува Центарот за обука на АИС персонал во АД “М-НАВ” да врши обука на АИС персонал, истиот ги исполнува условите пропишани со Правилникот за стручно оспособување, проверки и уверенија за стручна оспособеност на персоналот кој врши подготовка издавање на воздухопловни информации, карти, публикации и процедури на летање. Со Уверението се одредува стручната оспособеност на Центарот за вршење обука на воздухопловен АИС персонал за спроведување на следниве курсеви: Основна обука за АИС персонал; Напредна обука за АИС персонал (FPL/Briefing, NOTAM/AFTN/CIDIN, PUB, MAP, PROC); Оспособување на работно место за АИС персонал. Уверението се издава за период од две години од денот на издавање.
Уверение на Центарот за обука на Контролори на летање и Помошници контролори на летање
Агенцијата за цивилно воздухопловство во Република Северна Македонија го овластува Центарот за обука на КЛ и ПКЛ во АД “М-НАВ” да врши обука на КЛ и ПКЛ, истиот ги исполнува условите пропишани со Правилникот за стручно оспособување, проверки, дозволи и овластувања на персоналот за контролата на летање. Со Уверението се одредува стручната оспособеност на Центарот за вршење обука на КЛ и ПКЛ за спроведување на следниве курсеви: Обука во единица на КЛ, Скопје ОБКЛ; Обука во единица на КЛ, Скопје ТМА; Обука во единица на КЛ, Охрид АКЛ; Почетна обука за ПКЛ; Основна, односно повторна обука за КЛ и ПКЛ за обезбедување од дејствија на незаконско постапување во РM; Континуирана обука за КЛ и ПКЛ; Континуирана обука за одржување на ниво на англиски јазик; Континуирана обука за овластени оценувачи/испитувачи за компетентност на КЛ и ПКЛ. Центарот за обука располага со искусни Инструктори и соодветна опрема која овозможува ефикасно спроведување на обука. Уверението се издава за период од две години од денот на издавање.
Уверение на Центарот за обука на МЕТ персонал
Агенцијата за цивилно воздухопловство во Република Северна Македонија го овластува Центарот за обука на МЕТ персонал во АД “М-НАВ” да врши обука на МЕТ персонал, истиот ги исполнува условите пропишани со Правилникот за стручно оспособување, проверки, дозволи и овластувања на персоналот за метеоролошко обезбедување на воздушниот сообраќај. Со Уверението се одредува стручната оспособеност на Центарот за вршење обука на МЕТ персонал на следниве курсеви: Почетна обука за воздухопловен МЕТ персонал; Обука за овластување на ВМ прогностичар/опсервер; Обука за посебно овластување за инструктор – ВМ прогностичар/опсервер; Обука за обновување и подобрување на компетентност и обнова на вештини и знаења за сезонски климатски влијанија на аеродромот; Обука за воведување на нови оперативни процедури и/или обука за воведување на нови технички средства и уреди. Уверението се издава за период од две години од денот на издавање.