Управувачка структура на компанијата
Управen одбор

Г-дин Владимир Ристески
Претседател на УО и Извршен директор на Секторот за воздухопловна навигација
На раководните позиции во М-НАВ АД Скопје, Владимир Ристески доаѓа од редот на вработените со долгогодишно работно искуство како АТМ Експерт во Обласна контрола на летање.
Владимир Ристески дипломирал на Природно Математички Факултет отсек информатика и се стекнал со титула, дипломиран инженер по информатика во 2004 година, а со звање за контролор на летање се стекнал за време на 2 годишна обука во Белград при Сојузната Управа за Контрола на Летање на Сојузна Република Југославија во 2001 година.
Од тогаш работи во М-НАВ АД Скопје и се стекнува најпрво со лиценца за контролор на кула-Скопје, а потоа со лиценца за планерски контролор во Обласна Контрола на Летање Скопје, а поседува и лиценци за радарски контролор и за Инструктор за обучување на контролори на летање од 2009 година.
Владимир Ристески во текот на својата долга кариера во М-НАВ АД Скопје посетувал и бројни обуки во центарот за обука на ЕУРОКОНТРОЛ во Луксембург како и во специјализирани центри за школување во Прага, Софија, Рим и Мадрид.

Г-дин Милан Кораќ
Член на УО и Извршен директор на Секторот за воздухопловна техника
Милан Кораќ е дипломиран инженер по електротехника и раководител со повеќе од три децении професионално искуство во електроенергетиката и воздухопловната индустрија. Роден е во Скопје и дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје и Сараево, насока електроенергетика.
Својата професионална кариера ја започнува во „Енергоинвест“ – Сараево, а потоа и во „ЕМО Охрид“, каде работи на проектирање и изградба на трафостаници и други електроенергетски објекти. Во 1994 година преминува во авијацијата како диспечер на летање во оперативен центар „МАТ Македонски Авиотранспорт“, а потоа и во „Авиоимпекс“, каде бил одговорен за подготовка на документација за летови (навигациони планови, нотами, метеорологија), пратење на сообраќајот и координација на оперативни служби.
Во 1996 година се приклучува на М-НАВ АД – Скопје, каде што ја гради својата најзначајна кариера. Повеќе од две децении работи како раководител и инструктор за електроенергетски системи за непрекинато и резервно напојување на техничките средства на контрола на летање. Неговиот ангажман вклучува превентивно и корективно одржување, развој на процедури, како и стручно оспособување на ATSEP персоналот на контрола на летање (лица одговорни за поставување, одржување, управување и мониторирање на технички средства за давање на услуги на воздухопловна навигација) – клучен сегмент за безбедноста на воздушниот сообраќај.
Покрај практичното искуство, Милан Кораќ има завршено повеќе обуки и специјализации за системи за напојување, управување со оперативната безбедност во воздухопловтсвото (SMS), како и познавања на меѓународни стандарди и организации (ICAO, ESARRs, IFATSEA, EASA).

Г-дин Фатмир Зимбери
Член на УО и Извршен директор на Секторот за финансиски, правни работи, развој и инвестиции
Фатмир Зимбери е искусен правник и советник со богато професионално искуство во јавниот сектор на Република Северна Македонија.
Од декември 2008 до јули 2015 година, тој работел како советник за следење и планирање на стратегии во Владата на Република Северна Македонија. Потоа, во периодот од август 2015 до јануари 2024 година, ја извршувал функцијата советник за експертска поддршка и односи со јавноста во Министерството за транспорт и врски во Скопје.
Во 2024 година, Зимбери ја продолжил својата професионална кариера како советник за Програма за за грижа нa инвеститори во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, каде што работел од 12 јануари до 31 октомври. Од 1 ноември 2024 година до неговото сегашно назначување како Извршен директор во М-НАВ АД Скопје, тој беше вработен како правен советник за правни прашања и јавни набавки во Агенцијата за задолжителни резерви на нафта (МАКОРА) во Скопје.
Во областа на образованието, Зимбери е магистер по право, насока граѓанско право, дипломиран на Државниот универзитет во Тетово во февруари 2021 година, додипломските студии по право ги има завршено на истиот универзитет во септември 2008 година.