Мисија & Визија

Мисијата на нашата Компанија е да се обезбеди високо ниво на услуги и континуирано да се подобруваат безбедноста, редовноста и ефикасноста на протокот на воздушниот сообраќај со оптимална употреба на расположливите човечки и технички ресурси и со минимум трошоци да се обезбеди висок квалитет на услуги на воздухопловна навигација во рамките на дезигнираниот воздушен простор на транспарентен и недискриминирачки начин, водејќи грижа за животната средина.

Визијата на Компанијата е контунуирано подобрување на М-НАВ“ А.Д. – Скопје како давател на услуги на воздухопловна навигација способен за континуирано обезбедување на високо ниво на безбедни, редовни, експедитивни и ефикасни услуги на корисниците на воздушниот простор и како давател на услуги на воздухопловна навигација кој функционира во согласност со регулативите на SingleEuropeanSky, да се прилагодува со минимални трошоци на новите Европски регулативи што ќе доведе до обезбедување на одржлива позиција и подобрување на перформансите на изведба во рамките на регионален Functional Airspace Block.

 

Согласно член 60 од  Законот за воздухопловство и член 7 од  Статутот на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје предмет на работење на Друштвото се следните дејности:

1.Давање на услуги на воздухопловната навигација (ANS – Air Navigation Services) како приоритетна дејност на Друштвото, која опфаќа:

 1.1 ATM услуги (Air Traffic Management) и тоа:

                a) ATC услуги (ATS-Air Traffic Services):

-контрола на летање (ATC –Air Traffic Control), која се дава на воздухопловите преку издавање на одобренија и инструкции на надлежната контрола на летање за да се овозможи безбеден, редовен и брз проток на воздушниот собраќај;

-информирање во лет (FIS-Flight Information Service), која се дава преку издавање на информации значајни за безбедно одвивање на воздушниот сообраќај; и

-тревожење (ALRT – Alerting Service) која се дава за воздухоплов кој има потреба од потрага и спасување преку известување и координирање на надлежните субјекти.

б) регулирање на протокот на воздушен сообраќај (ATFCM – Air Traffic Flow Capacity Management), услуга која овозможува максимално искористување на капацитетот на контролата на летање и обемот на сообраќајот;

в) организација на воздушниот простор (ASM – Air Space Management), која се дава за да се обезбеди максимално и флексибилно искористување на воздушниот простор за сите корисници и

г)мрежни функции (Network functions) се услуги кои се даваат со цел обезбедување на детални аранжмани за донесување на заеднички одлуки помеѓу земјите членки, давателите на услуги на воздухопловна навигација и функцијата за управување со мрежата.

1.2. Услуги на воздухопловно информирање (АISAeronautical Information Service)

 се услуги кои опфаќаат: собирање, обработка и дистрибуција на воздухопловните информации, итни известувања, воздухопловен информативен циркулар, воздухопловни карти и постапки и процедури за летање;

1.3. Метеролошките услуги (МЕТ – meteorological information) кои опфаќаат собирање, обработка и дистрибуција на метеролошки информации, метеролошка прогноза, метеролошки известувања и метеролошки предупредувања; и

 1.4. CNS (communication, navigation surveillance) услуги кои се однесуваат на поставување, одржување, контрола и мониторирање на техничките средства, уредите и опремата, за давање на услуги на воздухопловна навигација што подразбира превентивно и корективно одржување, приспособување, калибрирање, мониторирање, надгледување, управување, поставување и воведување во работа, како и развој и измена на процедури и упатства за работа и одржување на оперативните технички средства во состојба која овозможува безбеден и уреден воздушен сообраќај .

 

2. Водење на евиденција, собирање, обработка и проследување на податоци кои се користат за наплата на надоместоци од услугите на воздухопловна навигација.

 

 3. Изготвување и редовно ажурирање на Зборникот на воздухопловни информации.

 

 4. Обука на ANS персонал.

“М-НАВ” се труди постојано внимателно да ги поставува своите среднорочни и долгорочни цели и стратегии, за да и во иднина се задржат високите нивоа на безбеден воздушен сообраќај за милиони патници. Изборот на стратегии секогапш е во  согласност со контекстот во кој работи “М-НАВ”, органите и институциите кои се релевантни за воздухопловниот сектор (ИКАО, EUROKONTROL) кои ја сочинуваат и контролираат оваа сфера регулирана со европски закони кои имаат зедничка стратегија за меѓународен систем за управување со воздушен сообраќај (АТМ). Овие организации носaт Регулативи и ги утврдуваат условите и јасните стандарди за квалитет и сигурност на авио превозниците. Исто така тие се посветени на зголемување на интероперабилноста меѓу давателите на услуги во секоја Држава членка. “М-НАВ” се соочува со овие предизвици преку дефинирање на проекти за развој во кои се дадени значајни и сложени инвестициски планови, со кои се исполнуваат техничко-функционалните како и финансиските цели на Компанијата.

Основните принципи на работа на нашата Компанија се:

  • да се зголеми обемот на услуги и да се одржи континуитет во давањето на услуги со цел да се задоволи побарувачката, да се зголеми безбедноста и редовноста во воздушниот сообраќај.
  • да се имплементира економско-финансиски план со кој ќе се продолжи да се подобрува работната ефикасност на Компанијата, како од аспект на намалување на трошоците така и од аспект на одржување на важечките цени;
  • да се потврдиме како македонски давател на услуги во пошироката европска АТМ панорама за меѓународно истражување и развој на управување со воздушен сообраќај, планиран за во иднина