Меѓународна соработка 

 Наоѓајќи се во централниот дел на Балканскиот полуостров, Република Северна Македонија може да биде горда на својот давател на воздухопловни услуги „М-НАВ“ А.Д. – Скопје кој е истакнат во регионот по своето залагање  за учество и активен придонес во работата на институциите и организациите  на регионално и  меѓународно ниво. Имајќи стручен персонал, развивајќи се постојано и следјќи ги глобалните трендови, „М-НАВ“ А.Д. – Скопје учествува во меѓународните тела и форуми кои се залагаат и промовираат глобален развој на активностите  од оваа сфера, усогласени помеѓу сите чинители во авијацијата. Со нашата заложба за проактивно учество во меѓународните воздухопловни организации, зајакнувањето на билатералната и регионалната соработка со сите соседни држави и учеството во мултилатерални проекти ја промулгираме нашата улога како релевантен фактор во авијацијата во регионот и пошироко.

Во таа насока, посветени сме на транспарентни и интерактивни активности во рамките на нашето членство во ICAO, EUROCONTROL, NATO, CANSO како полноправни членки.

Меѓународна организација за цивилно воздухопловство  (ICAO)  

 ICAO е финансирана и раководена од 193 национални влади за поддршка на нивната дипломатија и соработка во воздушниот транспорт како држави потписнички на Чикашката конвенција (1944).

Нејзината основна функција е да одржува административна и експертска бирократија (Секретаријатот на ICAO) која ги поддржува овие дипломатски интеракции и да истражува нови политики за воздушниот транспорт и стандардизациски иновации, како што е наведено и одобрено од владите преку Собранието на ICAO, или од Советот на ICAO кое се избира од собранието.

 

Европска организација за безбедност на воздушната пловидба (EUROCONTROL)

 EUROCONTROL е паневропска, цивилно-воена организација посветена на поддршка на европската авијација.

Активностите на EUROCONTROL се однесуваат на операции, обезбедување на услуги, развој на концепт, истражување, имплементација на проекти ширум Европа, подобрувања на перформансите, координација со луѓе/тела кои имаат клучна улога во авијацијата на различни нивоа, како и обезбедување на поддршка за идната еволуција и стратешки ориентации на воздухопловството, тие ги поддржуваат сите Земји Членки  и нивните цивилни и воени учесници (вклучувајќи ги давателите на услуги за воздухопловна навигација, корисниците на воздушниот простор, аеродромите и производителите на воздухоплови/опрема) во заеднички напор да ја направат авијацијата во Европа побезбедна, поефикасна, поисплатлива и со минимално влијание врз животната средина.

 

Организација за услуги на цивилна воздухопловна навигација (CANSO)

 CANSO е глобален глас на индустријата за управување со воздушниот сообраќај.

 Како асоцијација во оваа индустрија, тие ги собираат светските даватели на услуги за воздухопловна навигација, водечките иноватори во индустријата и специјалистите за управување со воздушниот сообраќај заедно за да споделат знаење, да развијат најдобра практика и да ја обликуваат иднината за безбеден и беспрекорен воздушен простор.

CANSO обезбедува безбедно и ефикасно обезбедување на услуги за воздухопловната  навигација, преку:

  • Одржување на меѓународен форум за развој и размена на идеи за тековните прашања поврзани со управувањето со воздушниот сообраќај
  • Развивање на меѓународна мрежа за експерти од воздухопловните навигациски услуги (ANS) за размена на информации и промовирање на најдобрите практики во рамките на Контрола на воздушниот сообраќај (ATC).

 

Исто така, постојано ја промовираме и зајакнуваме соработката во регионот преку активно учество во неколку регионални иницијативи:

 GATE ONE – Регионална платформа на Даватели на воздухопловни услуги на 13 држави воспоставена во 2013 година, со цел промоција на ефикасен АТМ, зајакнување на оперативната и техничка соработка помеѓу Давателите на воздухопловни услуги и овозможување на посилна усогласена репрезентативност на државите- членки во Европскиот процес на донесување одлуки.

SECSI FRA- од 02.12.2021 година Република Северна Македонија, станува интегрален дел SECSI FRA иницијативата заедно со Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора и Словенија.Вклучувањето на РСМ во SECSI FRA им овозможува на корисницина на воздушниот простор подобро планирање на летот, за поголема ефикасност  , помала емисија на штетни гасови и намалување на работното оптеретување на Контролорите на летање.

BLUE MED  FAB – Проект чија цел не е лимитирана само на целосна имплементација на Европското единствено небо на територијата на земјите-членки, туку ги интегрира, целосно или делумно, соседните држави кои не се членки на Европската унија, со цел да се подигнат АТМ стандардите во регионот и да се овозможи побезбеден и хармонизиран прекуграничен сообраќај помеѓу земјите-членки. На 27.04.2020 беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу земјите-членки на BLUE MED  FAB и Република Северна Македонија.

DANUBE FAB – На 6-тиот состанок на Управувачкиот Совет на DANUBE FAB одржан на 28.10.2015 во Софија, Република Северна Македонија се здоби со статус на набљудувач, со што DANUBE FAB ја демонстрираше својата заложба да соработува со соседните земји  со цел за подобрување на Европската АТМ мрежа.

За да ги постигне своите стратешки цели, со потпишување на Договорите за соработка, М-НАВ ги координира своите активности со соседните даватели на воздухопловни услуги преку континуирана соработка за подобрување на процедурите за координација и зголемување на нивото на интероперабилност на системите и оперативните процедури.