Интегриран менаџмент систем
М-НАВ, преку политиката на интегрираниот менаџмент систем ја одразува посветеноста за постигнување на успешност во сите аспекти на работењето на организацијата. Со интегрирање на процесите за управување, М-НАВ овозможува задоволување на потребите на заинтересираните страни и полесно прилагодување на промените во опкружувањето.
M-НАВ има воспоставено и одржува систем за управување, кој вклучува управување со безбедност (SMS), управување со квалитет (QMS), следење на усогласеност (CM), управување со обезбедување(SecS), безбедност и здравје при работа (OHS) и управување со животна средина (ЕМS).
Систем за управување со безбедноста
Посветеноста на M-НАВ во однос на системот за управување со безбедност е од витално значење за да овозможи безбедност на давањето на услугите во воздухопловната навигација.
Постојано се стремиме да ја подобриме нашиот СМС, поттикнувајќи култура каде безбедноста е заедничка одговорност. Нашата безбедносна политика и политиката за култура на правичност ја одразуваат нашата посветеност на безбедноста и ги дефинираат улогите и одговорностите на сите нивоа на организацијата.
Системот за управување со безбедност во M-НАВ е збир на активности за постигнување, обезбедување и одржување на високо ниво на безбедност како што се:
- собирање информации и анализа на безбедносни настани
- идентификување на опасности и проценка на ризици
- спроведување на безбедносни истражувања.
Политика за управување со безбедност
Безбедноста е основна вредност и главен приоритет на сите активности во рамките на М-НАВ А.Д.-Скопје , имајќи предност над оперативната експедитивност, комерцијалниот, социјалниот и другите аспекти на давањето услуги.
Посветени сме на имплементација, развивање и подобрување на стратегии, системи за управување и процеси за да се осигураме дека сите наши активности го поддржуваат највисокото ниво на безбедносни перформанси и ги исполнуваат националните и меѓународните стандарди.
Овие цели се постигнуваат преку понатамошна посветеност на организацијата за да се обезбедат потребните ресурси за ефикасно управување со безбедноста.
Култура на правичност
М-НАВ се стреми да развие здрав систем на пријавување на безбедносни настани базирани на култура на правичност со цел да се добие проток на информации кои би можеле да се употребат директно при менување на практики и така да се подобри безбедноста во давателот на услуги на воздухопловна навигација.
Културата на праведност промовира отворено окружување за пријавување на безбедносни проблеми без страв од одмазда.
Со политиката јасно се разграничуваат толерантните од нетолерантните однесувања. Евалуацијата на изборот на однесување на луѓето го прави независна Комисија за култура на праведност (Just Culture Committee (JCC)) со употреба на Алатка на култура на праведност (JC Tool) со што се добива фер, објетивен и конзистентен приод.
Култура за безбедност
Културата за безбедност вклучува усогласување на индивидуалните и организациските особини и ставови за да се даде приоритет на безбедноста, осигурувајќи дека на безбедносните прашања им се дава вниманието што го заслужуваат.
M-НАВ дава приоритет на принципот „учење од грешки“ наместо да се фокусира на казни, а со тоа поттикнува континуиран раст на безбедносната култура во организацијата, притоа земајќи ги предвид сите нејзини атрибути.
Човечки фактор
М-НАВ е посветена на негување култура која дава приоритет на менталното здравје и благосостојба на вработените. Системот за управување со стресот и заморот е суштински дел од безбедносната стратегија на организацијата, осигурувајќи дека сите вработени ги имаат алатките и поддршката што им се потребни за успешно спроведување на работните обврски. Системот за управување со стрес и замор е дизајниран да одговори на критичните предизвици за управување со стресот и заморот кај оперативниот персонал во воздухопловството. Имајќи во предвид дека овие фактори можат значително да влијаат на безбедноста и перформансите, М-НАВ спроведува проактивен пристап за промовирање на благосостојбата и оперативната ефикасност. Јасна посветеност за управување со стресот и заморот како суштински компоненти на безбедноста и перформансите се воспоставува преку политиката за за управување со замор, стрес и употреба на опојни дроги и психотропни супстанции .
Квалитет
М-НАВ има имплементирано систем за управување со квалитет како дел од својот Интегриран систем за управување (IMS). Системот за управување со квалитет е сертифициран во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO 9001:2015 и има за цел да ја подобри оперативната ефикасност и да обезбеди највисок квалитет на услугите.
Политиката за квалитет е усогласена со организациските цели, поставувајќи јасни цели за поттикнување на перформансите. Политиката ја одразува посветеноста на М-НАВ кон континуирано подобрување и задоволство на корисниците.
УСОГЛАСЕНОСТ
Воспоставивме функција за следење на усогласеноста во согласност со барањата на Регулативата (ЕУ) 2017/373.
Функцијата овозможува одговорно и систематско следење на усогласеност со важечките национални и меѓународни регулативи, стандарди и упатства. Следењето на усогласеноста вклучува и следење на новите важечки прописи според областите на примена (услуги, функции, процеси) како и систем на повратни информациии до Управниот Одбор на М-НАВ А.Д.- Скопје.
Информирањето во однос на процесот на усогласување се врши преку е-пошта на адреса: compliance@mnavigation.mk, која е создадена за дистрибуција на важечките регулаторни барања и поднесување прашања поврзани со начинот на имплементација и толкување на прописите.
Адресата исто така се користи за информирање за промените во важечките прописи кои се во надлежност на одговорните лица или корисниците, вклучително и пријави на потенцијални неусогласености и поплаки(жалби) од вработените и корисниците. Одржувањето на усогласеност во континуитет се врши преку следење на новини, информирање, советување и управување со пријави за неусогласеност) на друштвото.
Животна средина
M-НАВ ја одразува посветеноста на организацијата на одржливост и грижа за животната средина во воздухопловството преку ISO 14001. Постојано се стремиме да го подобриме системот за управување со животната средина за да го минимизираме еколошкиот отпад и да придонесеме за одржлива иднина.
Ги охрабруваме сите вработени и заинтересирани страни да се вклучат во нашите еколошки иницијативи и да придонесат кон нашите цели. Системот за управување со животната средина (ЕМС) ги покрива и еколошките аспекти. М-НАВ е сертифициран со ISO 14001:2015 и дефиниран со Политиката за управување со животната средина, за да обезбедиме идентификација и управување со ризиците за животната средина на систематски начин.
Безбедност и здравје при работа
M-НАВ ја одразува посветеноста за организациската безбедност и здравје преку постојано подобрување на нашите практики за БЗР, обезбедувајќи безбедна и поддржувачка средина за сите вработени.
Ги охрабруваме сите вработени активно да учествуваат во нашите иницијативи за безбедност и здравје. Системот за управување со безбедноста и здравјето при работа (БЗР) заснован е на стандардот ISO 45001:2018 како клучна компонента на нашата стратегија за управување со ризик за заштита на вработените и средствата.
М-НАВ, ISO 45001:2018 преку политиката поттикнува безбедно и здраво работно место со обезбедување на структуриран пристап за идентификација и евалуација на сите здравствени и безбедносни ризици и можности. Со ваквиот пристап се минимизира веројатноста за инциденти, се обезбедува усогласеност со законските стандарди и се подобруваат севкупните перформанси.
Обезбедување– да го пополни отсекот обезбедување
Безбедност