СЕРВИСИ НА КОНТРОЛА НА ЛЕТАЊЕ

Обласната контрола на летање

Обласната контрола на летање е формирана на 8 Ноември во 1996 година. Истата се наоѓа на Интернационалниот аеродром Скопје. Тогаш се работеше од старата ТМА ОПС сала и се употребуваше прилично стара опрема. Во Јануари 2002 година, обласната КЛ се префрли во нова сала која беше опремена со најсовремена опрема за тоа време. Денес, ОБКЛ Скопје опслужува 150000 лета годишно и повеќе од 600 лета во текот на летото кога сообраќајот го достигнува максимумот.

Услугите се даваат од максимум 4 АCC сектори кои имаат капацитет до 30 воздухоплови на сектор. Секој сектор има две исти работни позиции, за планер и за извршен контролор на летање.

Терминални услуги

ТМА Скопје се наоѓа на Интернационалниот аеродром Скопје. Покрај тоа што опслужува околу 12000 IFR летови годишно, ТМА Скопје исто така опслужува воен сообраќај во Р. Македонија како и генерална авијација (GAT). Покрај сообраќајот на Интернационалниот аеродром Скопје, ТМА Скопје е одговорна и за помалите леталишта кои ги употребува генералната авијација и воздухопловите специјализирани за опрашување.

ТМА Скопје го употребува истиот модерен мулти-радарски систем како и ОБКЛ Скопје. Се состои од една извршна позиција и од една помошничка позиција.

Со уврдените Писма на договор меѓу Скопје ОБКЛ и соседните ОБКЛ се потврдува успешната координација и соработка меѓу единиците; Kонтролорите на летање се запознати со воздушниот простор над соседните држави и со нивните валидни процедури.

Одделението за Аеродромска Контрола на Летање – АКЛ Охрид се наоѓа на меѓународниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Одделението на АКЛ Охрид е одговорно за безбедно, редовно и експедитивно одвивање на воздушниот сообраќај во воздушниот простор што е во негова надлежност.

Одделението на АКЛ Охрид дава услуги во воздушниот сообраќај и тоа:
– Контрола на летање (ATC)
– Информирање во лет (FIS)
– Тревожење (ALRS)

Одделението на АКЛ Охрид дава услуги за аеродромска контрола на летање (TWR) и приодна контрола на летање (APP), согласно пропишаните правила, прописи и норми на процедурално/нерадарско раздвојување.

TWR/APP секторот го опслужува еден извршител, а одредени пропишани ситуации може да го опслужуваат и два извршители.

Обука на КЛ и ПКЛ

Со основањето на М-НАВ се формираше и Центарот за обука на КЛ и ПКЛ. За безбеден воздушен сообраќај во Република Северна Македонија, од особена важност е да се постигне и да се одржува високо ниво на стручна оспособеност на КЛ и ПКЛ. Центарот за обука е воден од Раководител а во него има четири (4) инструктори (три (3) Инструктори за КЛ и еден (1) Инструктор за воздухопловен англиски јазик) како и две лица за обезбедување административна подршка. По потреба, седум (7) Инструктори за обука на самото работно место од Скопје ОБКЛ, пет (5) Инструктори за обука на самото работно место од Скопје ТМА и два (2)Инструктори за обука на самото работно место од АКЛ Охрид помагаат во спроведување на теоретска обука, практична обука и обука на самото работно место.

Покрај тоа што е одговорен за обука на КЛ (преодна, pre-OJT и ОЈТ) и на ПКЛ, Центарот за обука е исто така одговорен за составување и ажурирање на потребната документација, како што е Планот за обука во дадена единица, Шемата за стручна оспособеност во дадена единица итн. Инструкторот за воздухопловен англиски јазик спроведува во М-НАВ обука за освежување на знаењето по воздухопловен англиски јазик на годишно ниво. М-НАВ има потпишано договор за добивање дозвола за работа со Евроконтрол за употреба на ELPAC и FEAST тестови, а истото е во доменот на одговорност на Центарот за обука.

М-НАВ употребува модерна опрема и технологија со цел ефикасно да се извршуваат задачите доделени од Државата. За да се работи со опремата во ова окружување потребно е да се помине специјализирана обука која ја спроведува центарот за обука. Обуката се организира во согласност со стандардите и препораките на Евроконтрол. Во Центарот за обука на располагање има современи средства. Pre-OJT oбуката за Скопје ОБКЛ и за Скопје ТМА се спроведува во симулатор со идентични карактеристики со системот на кој се работи во оперативните простории.