ВОЗДУХОПЛОВНИ

ИНФОРМАЦИИ

Публикации

Интегрираниот пакет со воздухопловни информации на АИС на Северна Македонија содржи воздухопловни информации кои се потребни за безбедно летање во Скопје ФИР и истите се обезбедуваат во согласност со одредбите на Анекс 15 од Конвенцијата како на пример: 

  • АИП со амандмани
  • Дополнување на АИП
  • Циркулари на АИП
  • Чеклисти и резимеа

Предполетни билтени

Предполетниот билтен (PIB), кој се состои од збир на сите актуелни НОТАМ информации и други информации од ургентен карактер кои се од интерес на пилотите или посадите на летање. Билтените се издаваат во единиците на АРО кои се дел од службата за воздухопловни информации.

Во зависност од потребите и барањата на корисниците, предполетниот билтен , кој се издава во печатена форма, моќе да биде во следниве типови на билтен:

  • обласен билтен (area type)
  • рутен билтен
  • аеродромски билтен
  • административен билтен

кои се согласно форматот за билтени пропишан од ICAO

Картографија

Подготовката и ажурирањето на серија на карти согласно ИКАО за Република Северна Македонија се прави со дигитална платформа за изработка на карти. Таа се воспоставува преку опрема за едитирање на АИП во оперативната зграда на Аеродром Скопје. Барања се доставуваат само во текот на работните денови. Барањата се купување се адресираат до АИП едиторот. Преку АIC се соопштуваат тековните договори за купување и трошоците.
Одделението за воздухопловни информации во Република Северна Македонија е одговорно за подготовка и ажурирање.
Екипажот добива информации од рутните карти со што се олеснува нивното движење долж ATS рутите, во согласност со процедурите објаснети во делот ЕNR.

НОТАМ

Подготовката и дистрибуцијата на информации дистрибуирани по електронски пат, а кои се однесуваат на состојбата, условите на работи, промената на било кое средство, услуга, процедура или опасности, кои се случуваат во одредено времетраење, а кои се од значење на персоналот кој учествува во процесот на летање.
NOTAM информацијата се издава за SKOPJE FIR и се дистрибуира во две серии кои се идентификуваат како Серија А и Серија С
Серија А содржи информации поврзани со публукуваните информации во Зборникот на воздухопловни информации (АИП) кои се за интернационална и национална дистрибуција
Серија С (SNOWTAM). Овие НОТАМ-и содржат информации кои се однесуваат на состојбата на пистите на аеродромите а во врска со постоењето на снег, вода, лапавица на пистите или рулните патеки. Овие информации се подготвуваат согласно ICAO Annex 15, Appendix 2, и се објавуваат за секој аеродром посебно, со посебни редни броеви.

Зборник на Воздухопловни информации (AIP)

Последната верзија на Зборникот на Воздухопловни информации (AIP) на Република Северна Македонија може да го најдете на следниов ЛИНК

Последните издадени воздухопловни публикации може да го најдете на следниов ЛИНК

Дизајн на инструментални процедури на летање

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) во Република Северна Македонија му издава Уверение на М-НАВ со кое се овластува да дизајнира, валидира и ажурира процедури за летање по инструменти.
Процедурите за летање се дизајнирани во согласност со Процедурите за давање услуги во воздушниот сообраќај (PANS-OPS) и со нив се одредува безбедна висина за надвисување на препреки како и се одржува безбедно растојание меѓу воздухопловите. Истите овозможуваат нормални операции. Операторот треба да обезбеди процедури за постапување во вонредни ситуации и ситуации на нужда.
М-НАВ има големо искуство во креирање на процедури за:

  • Визуелни приоди
  • Непрецизни приоди
  • Прецизни приоди

Оваа експертиза се употребува при планирање на оптимизација на процедури на лет фокусирајќи се на:

  • Оптимизација на капцитет
  • Подобрување на безбедноста и подобрено надвисување на пречки
  • Намалување на бучност