ИСПРАВКА НА ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 4/2025 ЗА ПРИЕМ НА 6 КАНДИДАТИ НА ОБУКА ЗА СТЕКНУВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА КОНТРОЛОР НА ЛЕТАЊЕ И ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), член 5, член 8 и член 9 од Колективниот договор на друштво и Анекс 1 бр.0101-1714/1 од 13.10.2023 година, бр.0101-1714/2 од 13.10.2023 година и бр.0101-1714/3 од 13.10.2023 година, Правилникот за систематизација на работните места на М-НАВ А.Д. – Скопје бр. 0201-183/4 од 01.02.2024 година – Пречистен текст (со измените), Правилник за стручно оспособување, проверки, дозволи и овластувања на персоналот на контрола на летање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 129/17, 89/18, 177/18 и 158/19), Правилник за контролори на летање и студенти контролори на летање (Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.121/25), Правилник за здравствена способност на персоналот во воздухопловството (Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.111/25), а согласно одлука од Управен Одбор бр.0201-1381/11 од 23.12.2025 година  и добиената согласност од Министерството за финансии на РСМ бр.19-7145/2 од 02.07.2025 година, а наш арх.бр. 0302-705/4 од 02.07.2025 година, Акционерско друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација објавува

 

ИСПРАВКА НА ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 4/2025

ЗА ПРИЕМ НА 6 КАНДИДАТИ НА ОБУКА ЗА СТЕКНУВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА КОНТРОЛОР НА ЛЕТАЊЕ И ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

 

Се врши исправка на Јавен оглас бр.04/2025 објавен на 31.12.2025 година, за прием на 6 (шест) кандидати на обука за стекнување дозвола за контролор на летање и вработување на определено време во времетраење од 1 (една) година со можност за продолжување на уште 1 (една) година, за работно место: Студент контролор на летање, Центар за обука на КЛ, ПКЛ и FMP извршители, во Сектор за воздухопловна навигација, објавен од страна на Акционерско друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација во дневните весници: „Нова Македонија“ и „Коха“.

 

Исправката се однесува:

  • во делот на посебните услови: наместо зборовите: „да има завршено најмалку IV степен на стручна подготовка“ треба да стојат зборовите: „да има завршено IV степен средно образование“.
  • во делот заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверени на нотар: наместо зборовите: „доказ за завршено образование најмалку IV степен на стручна подготовка“ треба да стојат зборовите: „доказ за завршен IV степен средно образование“.

Сè останато во Огласот, вклучувајќи го и рокот за пријавување на овој оглас останува исто како во објавата на Јавниот оглас од 31.12.2025 година.

М-НАВ  АД Скопје

Јавен оглас 4/2025

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), член 5, член 8 и член 9 од Колективниот договор на друштво и Анекс 1 бр.0101-1714/1 од 13.10.2023 година, бр.0101-1714/2 од 13.10.2023 година и бр.0101-1714/3 од 13.10.2023 година, Правилникот за систематизација на работните места на М-НАВ А.Д. – Скопје бр. 0201-183/4 од 01.02.2024 година – Пречистен текст (со измените), Правилник за стручно оспособување, проверки, дозволи и овластувања на персоналот на контрола на летање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 129/17, 89/18, 177/18 и 158/19), Правилник за контролори на летање и студенти контролори на летање (Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.121/25), Правилник за здравствена способност на персоналот во воздухопловството (Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.111/25), а согласно одлука од Управен Одбор бр.0201-1381/11 од 23.12.2025 година и добиената согласност од Министерството за финансии на РСМ бр.19-7145/2 од 02.07.2025 година, а наш арх.бр. 0302-705/4 од 02.07.2025 година, Акционерско друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 4/2025

ЗА ПРИЕМ НА 6 КАНДИДАТИ НА ОБУКА ЗА СТЕКНУВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА КОНТРОЛОР НА ЛЕТАЊЕ И ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

Акционерско друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација објавува оглас за прием на 6 (шест) кандидати на обука за стекнување дозвола за контролор на летање и вработување на определено време во времетраење од 1 (една) година со можност за продолжување на уште 1 (една) година, за следното работно место:

  • Студент контролор на летање, Центар за обука на КЛ, ПКЛ и FMP извршители, во Сектор за воздухопловна навигација 6 (шест) извршители.

Кандидатите потребно е да исполнуваат:

Општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен, а да нема наполнето 27 години;
– да има општа здравствена способност за работното место; и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:
– да има завршено најмалку IV степен на стручна подготовка;
– да има познавање на англиски јазик кое одговара најмалку на ниво Б2 (В2);
– да нема неуспешна обука на друго место за контрола на летање;
– успешно да го положи FEAST тестот во согласност со Еуроконтрол стандардите (повеќе информации може да се најдат на веб страната www.feast.info);
– валидно лекарско уверение за здравствена способност класа III.

Oпшти работни компетенции:
– способности и вештини, лични квалитети а особено: владеење на посебни вештини, работа на компјутери; вештини за брза обработка на информации; способност за размислување и изразување точно и логично; способност за работа во тим, но и самостојно.

Распоред на работно време:
• работни денови: понеделник-петок;
• работни часови: неделно 40;
• работно време: административно флексибилно работно време кое се одвива cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот;
• по потреба и во смени со неделно работно време кое изнесува 32 работни часа.
Паричен нето износ на плата: 83,681.00 денари

Општи информации за постапката за селекција на кандидатите:
Постапката за селекција на кандидатите ќе се спроведува во етапи. Секоја етапа е селективна, што значи дака во секоја наредна етапа ќе се повикуваат кандидатите кои ги исполниле условите од претходната етапа и тоа:

1. Благовремено доставување на пријава со бараните документи.

2. За пријавените кандидати М-НАВ АД Скопје по потрба може да спроведе предселекциски тестови.

3. Со најдобрите кандидати М-НАВ АД Скопје ќе се спроведе FEAST тестирање.

4. Кандидатите кои предходно го положиле FEAST тестот нема да бидат повторно тестирани, но може да конкурираат со веќе постигнатите резултати од тестирањето.

5. Кандидатите кои претходно полагале FEAST тестот и неположиле, потребно е да поминат најмалку 2 (две) години за овозможување на повторно тестирање.

6. Со најуспешните кандидати ќе се спроведе интервју од страна на Управниот одбор на друштво.

7. Најуспешните кандидати се упатуваат на лекарски преглед во овластена здравствена институција за утврдување на здравствената способност – лекарско уверение класа III, a трошоците настанати за лекарски прегледи на кандидатите ги сноси М-НАВ АД Скопје.

8. М-НАВ АД Скопје во постапка за вработување може да побара безбедносна проверка за најуспешните кандидати.

9. М-НАВ АД Скопје co кандидатите кои ќе ги поминат сите етапи ќе потпише договор за вработување на определено работно време во времетраење од 1 (една) година со можност за продолжување на уште 1 (една) година, период додека се на обука. Во договорот ќе бидат опфатени нивните права и обврски за целиот предвиден период, како и постапките во случај на еднострано раскинување на договорот. Договорот ќе го опфаќа целиот период до стекнување на Дозвола за контролор на летање во М-НАВ АД Скопје. Работодавачот има право со работникот кој ќе се стекне со Дозвола за контролор на летање да склучи договор за вработување на неопределено време согласно Законот за работни односи, Колективниот Договор на М-НАВ А.Д – Скопје, Правилникот за систематизација на работни места во М-НАВ АД Скопје, законските и другите прописи и акти, доколку за склучување на договорот добие согласност од Министерството за финансии на РСМ. Работникот што ќе се вработи на неопределно работно време, ќе има обврска да биде во работен однос во М-НАВ АД Скопје наредните 10 години.

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверени на нотар:

– пријава за вработување (пријавата може да се симне на веб страната на М-НАВ АД Скопје www.mnavigation.mk);
– извод од матичната книга на родените;
– уверение за државјанство;
– доказ за завршено образование најмалку IV степен на стручна подготовка;
– сертификат за познавање на англиски јазик кое одговара најмалку на ниво Б2 (certificate B2);
– уверение од кривична евиденција (не постаро од 6 месеци);
– потврда од казнена евиденција (не постаро од 6 месеци);
– yверение дека не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за
вршење на професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци);
– aко кандидатот претходно го полагал FEAST тестот треба да достави изјава кога и каде (место, организација) го полагал тестот.

Заинтересираните кандидати потребната документација заедно со пријавата можат да ја поднесат во просториите на М-НАВ АД Скопје или по пошта на адреса: ул. Македонија бр.25, објект Лазар Поп Трајков, 1000 Скопје, секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (07:30 часот – 15:30 часот) со назнака „за оглас број 4/2025“.

Рокот за поднесување на пријавите и потребната документација трае до 20-ти февруари, а изборот ќе се изврши имајќи го во предвид бројот на пријавените кандидати и тоа доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Пријавите што нема да бидат поднесени на утврдениот poк и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и истите нема да се разгледуваат.

Контакт лице за дополнителни информации Иво Паскалов, тел. 075 444 381 и 02 31 48 253, е-пошта: ivo.paskalov@mnavigation.mk и Xhultene Tershani тел. 076 330 055 и 02 32 51 811, е-пошта: djultene.tershani@mnavigation.mk.

НАПОМЕНА!
Кандидатите за кои ќе се утврди дека предходно го полагале FEAST тестот и не го положиле, а истото не го пријавиле ќе бидат дисквалификувани.

М-НАВ АД Скопје

Започна процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар на Меѓународниот Аеродром Скопје

Започна процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар на Меѓународниот Аеродром Скопје

По одржаниот Kick-off состанок со тимот на Леонардо и домашните компании ангажирани како подизведувачи, кој се одржа на 01.12.2025 година, денес официјално започна процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар на Меѓународниот Аеродром Скопје, како и подготовка за инсталација на новиот современ Мод S радар. Оваа процедура нема да има никакво влијание врз нормалното одвивање на авио сообраќајот.

Оваа фаза претставува значаен чекор во рамки на проектот за модернизација на системите за надзор на воздушниот сообраќај. Процесот се реализира со висок степен на координација и професионална посветеност, при што посебно се истакнува напорното залагање, ангажманот и експертизата на стручниот и технички персонал, кој има клучна улога во реализацијата на ваков комплексен проект.

По завршувањето на демонтажата, ќе следуваат дополнителни градежни активности за поставување на новата конструкција, како и инсталација на новиот современ Мод S радар, со што значително ќе се унапреди безбедноста и ефикасноста на управувањето со воздушниот сообраќај.

Согласно предвидената динамика, целосното пуштање на новиот радар во оперативна употреба се очекува во јуни 2026 година.

Менаџментот, во тесна соработка со Владата на Република Северна Македонија и Министерството за транспорт, останува цврсто посветен на спроведување и конечно завршување на стратешките проекти, кои од неразбирливи причини со години тапкале во место, со јасна цел – модерна, безбедна и функционална воздухопловна инфраструктура.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТА

На ден 22.10.2025 година М-НАВ АД Скопје преку правниот застапник Адвокат Горан Николовски одржа прес конференција на која без презентирани ставовите и аргументите на М-НАВ АД во врска со штрајкот најавен од страна на ССКЛ – Подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски за ден 20.10.2025 година, и забранет како незаконит од страна на Основниот граѓански суд Скопје.

Истиот ден по завршување на прес конференцијата на М-НАВ АД, прес конференција одржа и г-динот Александар Тасевски претседател на ССКЛ – Подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски.
На тој прес г-динот Александар Тасевски изјави дека:

• Барањата за заштита на работнички права од работен однос, како причина за организирање на штрајк се доставени уште во 2023 година и директорите да ги побараат преку архивата на М-НАВ
• Воедно запрашан од страна на новинарите дали ако повторно одат на штрајк во следното известување ќе бидат наведени барањата за заштита од работен однос и ќе биде спроведена постапката за помирување, г-динот Александар Тасевски изјави дека дека не може да ги наведат барањата за заштита на праава од работен однос, од причина што во тој случај ќе треба да почне нова постапка за помирување.

Во врска со изнесените наводи на г-динот Александар Тасевски јавно му се заблагодаруваме за неговото признание дека штрајкот најавен од страна на ССКЛ – Подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски за ден 20.10.2025 година, и забранет како незаконит од страна на Основниот граѓански суд Скопје, Е НЕЗАКОНИТ И ДЕКА г-динот Александар Тасевски е свесен дека постапува надвор од закон.

Г-динот Александар Тасевски јавно призна дека свесно спроведува незаконски атак врз М-НАВ АД Скопје, односно дека свесно ја загрозува и внесува несигурност во секторот авио сообраќај и свесно го руши угледот на М-НАВ АД Скопје и на државата во целост.
Со ваквите признанија уште еднаш се потврдува дека станува збор за лично политикантство и желба за само промоција на г-динот Александар Тасевски.

Исто така наводите на Г-динот Александар Тасевски дека во законот се предвидува дека кој било синдикат вертикално, дали е тоа синдикат на работодавачи, синдикат на гранка или сојузот на синдикати има право да организира штрајк, се однесуваат исклучиво на Независниот синдикат за сообраќај и врски, а не и на Подружницата ССКЛ со оглед дека Подружницата не е синдикат, нема правен субјективитет и евентуалното организирање на Штрајк како заштита на права од работен однос може да ги остварува единствено преку Независниот синдикат чија што подружница е.

ВРАЌАЊЕ ВО НОРМАЛНА РАБОТА НА РАДАРСКАТА ГЛАВА- БАЊСКИ РИД ЛОЦИРАНА ПОКРАЈ МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ

М-НАВ АД Скопје ја известува македонската јавност дека во текот на изминатите три дена напорно работеше на отстранување на дефектот кој што се појави на дел од електрониката на радарската глава – Бањски рид. На 24.09.2025 година, во 16:40 часот, стручниот тим на М-НАВ успешно го отстрани дефектот и ја врати радарската глава во функција, меѓутоа истата до денес 25.09.2025, до 12 часот подлежеше на неопходни тестирања по кои беше вклучена во системот за контролирање на воздушниот сообраќај на македонското небо, вклучително и Меѓународниот аеродром Скопје.

Уште еднаш потврдуваме дека за временскиот период додека радарската глава Бањски рид беше нефункционална, ВО НИТУ ЕДЕН МОМЕНТ БЕЗБЕДНОСТА НА ВОЗДУШНИОТ СООБРАЌАЈ НЕ БЕШЕ ДОВЕДЕНА ВО ОПАСНОСТ. Единствено беше намален протокот на Меѓународниот аеродором Скопје со цел да се испочитуваат меѓународните стандарди кои се применуваат во вакви услови на работа.

Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје ве уверува дека информациите кои беа споделени со јавноста од страна на некомпетентни лица, се комплетно неточни и беа искористени со цел да се претстави погрешна слика за работењето на Друштвото, за купување политички поени или нанесување на политичка штета во пресрет на изборната кампања.

Ние како професионалци се оградуваме од ваквиот начин на информирање на јавност која пред се влева неоснован страв кај граѓаните, нанесува штета на државата и дополнително негативно влијае врз довербата која ја имаат граѓаните кон институциите.

Исто така сакаме да се заблагодариме на безрезервната поддршка што М-НАВ АД Скопје ја доби од Владата на Македонија, а посебно од ресорниот Министер за транспорт и врски г. Александар Николовски.

Превентивно исклучување на меил серверот на административниот дел на М-НАВ АД СКОПЈЕ поради обид за Ransomware хакерски напад

Во петокотна 08 август 2025, Скопје, по завршување на административното работно време, околу 19 часот настана технички проблем на меил сервер во М-НАВ АД Скопје.

Како мерка на претпазливост, привремено беше оневозможен интернет-пристапот до административниот дел на компанијата.

За време на викендот на 9 и 10 август административниот дел од компјутерската мрежа на М-НАВ АД Скопје беше превентивно исклучена од интернет поради сомнеж од можен Ransomware хакерски напад. По првичната анализа на експертите за сајбер безбедност од М-НАВ АД Скопје, утврдено е дека има обид за нелегално влегување во административниот дел на компјутерската мрежа на М-НАВ, поточно во меил серверот, по што уште во саботата на 9 август телефонски е известен Директорот на АЦВ иведнаш е стапено во контакт со Секторот за на компјутерски криминал при МВР и поднесена е соодветна пријава за настанот. МВР со свои експерти веднаш пристигна во М-НАВ и направи увид при кој се земаа соодветни матерјали за вештачење и постапки кои се во нивна надлежност.

Во понеделникот на 11 август, административната мрежа на М-НАВ беше вратена во целосна функцијасо подигање на back_up базите кои ги поседуваше М-НАВ, но пристапот до мрежата постепено се одобруваше за секој канцелариски персонален компјутер посебно, по претходно спроведена детална анализа дека истиот не содржи злонамерен софтер. Овој процес траеше неколку дена.

М-НАВ деновиве е во исчекување и на официјалниот извештај од МВР за да се потврдат причините и евентуално да се пронајдат сторителите на овој обид за хакерски напад.

Важно е да се истакне дека оперативните системи за управување со воздушниот сообраќај во ниту еден момент не беа засегнати, бидејќи меил серверот на административниот дел не е поврзан со системите за управување со воздушниот сообраќај. Натојначин, безбедноста и континуитетот на воздухопловно-навигациските услуги останаа целосно обезбедени.

М-НАВ АД Скопје продолжувасо редовно работење и ќе спроведе дополнителни мерки за унапредување на дигиталната безбедност.