Врз основа на член 14 став (1), член 22 и член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), член 6, член 8 и член 9 од Колективниот договор на друштво и Анекс 1 бр.0101-1714/1 од 13.10.2023 година, бр.0101-1714/2 од 13.10.2023 година и бр.0101-1714/3 од 13.10.2023 година, Правилникот за систематизација на работните места на М-НАВ А.Д. – Скопје (со измените), Правилник за контролори на летање и студенти контролори на летање (Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.121/25), Правилник за здравствена способност на персоналот во воздухопловството (Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.111/25), а согласно одлуката од Управен Одбор бр.0201-601/2 од 17.06.2026 година и добиената согласност од Министерството за финансии на РСМ бр.19-7145/2 од 02.07.2025 година, а наш арх.бр. 0302-705/4 од 02.07.2025 година, и бр. 19-3088/2 од 21.04.2026 година, а наш арх.бр. 0302-350/5 од 21.04.2026 година, Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2026
ЗА ПРИЕМ НА 6 КАНДИДАТИ НА ОБУКА ЗА СТЕКНУВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА КОНТРОЛОР НА ЛЕТАЊЕ И ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ
Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација објавува оглас за прием на 6 (шест) кандидати на обука за стекнување дозвола за контролор на летање и вработување на неопределено работно време и тоа:
- Студент контролор на летање, Центар за обука на КЛ, ПКЛ и FMP извршители, во Сектор за воздухопловна навигација 6 (шест) извршители.
Кандидатите потребно е да исполнуваат:
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен, а да нема наполнето 28 години;
- да има општа здравствена способност за работното место; и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- да има завршено најмалку IV степен средно образование;
- да има положен FEAST тест (1 и 2) во согласност со Еуроконтрол стандардите;
- валидно лекарско уверение за здравствена способност класа II
Oпшти работни компетенции:
- способности и вештини, лични квалитети а особено: владеење на посебни вештини, работа на компјутери; вештини за брза обработка на информации; способност за размислување и изразување точно и логично; способност за работа во тим, но и самостојно.
Распоред на работно време:
- Административно:
- работни денови: понеделник-петок
- работни часови: неделно 40
- работно време:флексибилно работно време кое се одвива cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
- Во смени:
- прва смена со почеток од 07:30 часот и завршеток до 15:30 часот
- втора смена со почеток од 15:30 часот и завршеток до 23:30 часот
- трета смена со почеток од 23:30 часот и завршеток до 07:30 часот наредниот ден
- работни денови: понеделник – недела
- работни часови: неделно 32
Паричен нето износ на плата: 83,681.00 денари
Општи информации за постапката за селекција на кандидатите:
Постапката за селекција на кандидатите ќе се спроведува во етапи. Секоја етапа е селективна, што значи дака во секоја наредна етапа ќе се повикуваат кандидатите кои ги исполниле условите од претходната етапа и тоа:
- Благовремено доставување на пријава со бараните документи.
- Со кандидатите, кои имаат доставена потребна и уредна документација ќе се спроведе интервју од страна на Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје.
- Со кандидатите може да се спроведе тестирање или интервју од страна на стручно лице – психолог.
- Најуспешните кандидати се упатуваат на лекарски преглед во овластена здравствена институција за утврдување на здравствената способност – лекарско уверение класа III, a трошоците настанати за лекарски прегледи на кандидатите ги сноси М-НАВ АД Скопје.
- М-НАВ АД Скопје во постапка за вработување може да побара безбедносна проверка за најуспешните кандидати.
- М-НАВ АД Скопје co избраните кандидати ќе потпише договор за вработување на неопределено работно време под услов да се стекне со дозвола за контролор на летање, во рокот од 2 две години од денот на склучување на договор за вработување.
- Доколку работникот кој прв пат се вработува кај работодавачот не добие дозвола во рокот што е утврден во договорот за вработување, работниот однос кај работодавачот му престанува.
- Во договорот ќе бидат опфатени нивните права и обврски за целиот предвиден период, како и постапките во случај на еднострано раскинување на договорот. Договорот ќе го опфаќа целиот период до стекнување на Дозвола за контролор на летање во М-НАВ АД Скопје.
- Работодавачот има право работникот кој ќе се стекне со Дозвола за контролор на летање да го распореди на соодветното работно место согласно стручна подготовка.
- Работникот што ќе се вработи на неопределно работно време, ќе има обврска да биде во работен однос во М-НАВ АД Скопје наредните 10 години.
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверени на нотар:
- пријава за вработување (пријавата може да се симне на веб страната на М-НАВ АД Скопје www.mnavigation.mk);
- извод од матичната книга на родените;
- уверение за државјанство;
- доказ за завршено образование најмалку IV степен средно образование (диплома);
- уверение од кривична евиденција (не постаро од 6 месеци);
- потврда од казнена евиденција (не постаро од 6 месеци);
- yверение дека не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за
вршење на професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци);
- кандидатот треба да достави изјава кога и каде (место, организација) го положил FEAST тестот.
Заинтересираните кандидати потребната документација заедно со пријавата можат да ја поднесат во просториите на М-НАВ АД Скопје или по пошта на адреса: ул. Македонија бр.25, објект Лазар Поп Трајков, 1000 Скопје, секој работен ден во определениот рок, од 08:30 часот до 14:30 часот, со назнака „за оглас број 1/2026“.
Рокот за поднесување на пријавите и потребната документација трае до 30 јуни 2026 година, а изборот ќе се изврши имајќи го во предвид бројот на пријавените кандидати и тоа доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
Пријавите што нема да бидат поднесени на утврдениот poк и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни.
Контакт лице за дополнителни информации Иво Паскалов, тел. 075 444 381 и 02 31 48 253, е-пошта: ivo.paskalov@mnavigation.mk и Xhultene Tershani тел. 076 330 055 и 02 32 51 811, е-пошта: djultene.tershani@mnavigation.mk.
М-НАВ АД Скопје