Во рамки на дводневната работилница за надзорни технологии во воздухопловството, што вчера и денес се одржува во „Евроконтрол“ во Брисел, директорот на воздухопловна техника на М-НАВ и член на Управниот Одбор на М-НАВ, Г-дин Климент Чепуњоски разговараше со првиот човек на организацијата Г-дин Франк Бренер. Со оглед на потребата за континуирано подобрување на стручната оспособеност на персоналот на воздухопловна техника, Г-дин Чепуњоски ја потенцираше важноста на обуките и одржување на нивниот континуитет.

„На г-динот Бренер му ја образложив неопходноста од интензивни обуки, кои би се одржале во Луксембург или во Македонија. Разменивме мислења и за важноста на поврзувањето на Словенечката контрола на летање со регионалниот центар во Мастрихт како и за можностите за ваква интеграција на Македонската навигација“, изјави директорот Чепуњоски.

На средбата беа разгледани можностите кои ги нуди PENS (Pan-European Network Services) и предностите од користењето на услугите.

Дводневната работилница на Еуроконтрол обработува теми поврзани со следење, откривање и комуникација на воздухопловите со помош на воздухопловно-техничките уреди и системи, како и воведување на нова технологија.