Делегацијата на М-НАВ предводена од Г-дин Николче Тасески, Извршен Директор во СВН и Претседател на Управен Одбор се состана во Софија со делегацијата на BULATSA предводена од Генералниот Директор, Г-дин Георги Пеев. На работниот состанок се разговараше за тековните проекти и планови за развој и модернизација на ANS системите во двете Држави. Претставниците од BULATSA ги споделија своите искуства за организациските и технолошките развивања на организацијата но и за нивното учество во меѓународните проекти за SESAR. Македонската делегација покажа интерес и за работата во функционалниот блок на воздушен простор DANUBE FAB. Се разговараше и за создавањето на овој блок, целите, структурата и управните тела, како и за можностите кон него да се приклучат соседните држави. Двете страни се договорија околу следните чекори како и продолжување на соработката во делот на управувањето со безбедноста, сајбер безбедноста, ефикасноста на ANS и др.теми.

Средба помеѓу М-НАВ и БУЛАТСА

Средба помеѓу М-НАВ и БУЛАТСА