Контролите на летање на Македонија и Албанија работат на јакнење на соработката со цел зголемување на безбедноста на авиосообраќајот. Посебен фокус е подигнување на размената на радарски податоци на повисоко ниво, како дел од регионалните напори за оптимализација на оперативната функционалност на податоците. На средбата меѓу директорите на воздухопловна техника на М-НАВ и Албконтрол, Климент Чепуњоски и Сокол Мукај, било договорено продолжување на договорот за размена на сервиси меѓу двете држави.
„Во интерес на двата даватели на услуги во воздухопловниот сообраќај е да ги надминеме предизвиците во делот на размената на радарските податоци, преку надградба со нови технологии. Тоа ќе ја зголеми брзината и безбедноста на билатералната размена на податоци, а со тоа и квалитетот на нашите услуги“, рече Чепуњоски.

