Врз основа на член 22, член 23 и член 25 од Закон за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), член 8 и член 9 од Колективниот договор на М-НАВ АД Скопје и Анекс 1 бр.0101-1714/1 од 13.10.2023 година, бр. 0101-1714/2 од 13.10.2023 година и бр.0101-1714/3 од 13.10.2023 година, Правилникот за систематизација на работните места на А.Д. Давател на услуги М-НАВ бр.0201-183/4 од 01.02.2024 година – Пречистен текст (измена со одлука од УО бр.0201-1054/12 од 04.07.2024 година, бр. 0201-93/11 од 24.01.2025, бр.0201-222/20 од 19.02.2025 година, бр.0201-505/22 од 09.05.2025 година и бр.0201-636/2 од 09.06.2025 година), добиената Согласност од Министерството за финансии на РСМ Министерството за финансии на Република Северна Македонија бр.19-5844/2 од 02.06.2025 година (М-НАВ АД Скопје арх.бр.0302-562/3 од 03.06.2025 година) и Известување за корекција на согласност бр.19-5844/4 од 04.06.2025 година (М-НАВ АД Скопје арх.бр.0302-562/5 од 05.06.2025 година), како и согласност бр.19-5843/2 од 02.06.2025 година (М-НАВ АД Скопје арх.бр.0302-561/3 од 03.06.2025 година), а согласно одлука бр.0201-636/3 од 09.06.2025 година, Акционерско друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2025
ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ
Акционерско друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација објавува оглас за вработување на работници на неопределено работно време за следните работни места:
– Оператор во национален центар за трансмисија на податоци, авторизација и надзор на летови – RCO, во Одделение за национален центар за трансмисија на податоци, авторизација и надзор на летови – RCO, во Сектор за воздухопловна навигација – 1 (еден) извршител;
– Студент ВИ, во Одделение за воздухопловни информации – AIS, во Сектор за воздухопловна навигација – 2 (два) извршители;
– Помошник за развој и инвестиции и набавки, во Сектор за воздухопловна техника – 2(два) извршители;
– Техничар за климатизација и техничко одржување, во Одделение за климатизација и техничко одржување, во Сектор за воздухопловна техника – 1 (еден) извршител;
– Самостоен советник за правни работи, во Одделение за правни работи, во Сектор за финансиски работи правни работи развој и инвестиции – 1 (еден) извршител;
– Самостоен советник во Одделение за општи работи во Сектор за финансиски работи правни работи развој и инвестиции 1 (еден) извршител.
Општи услови за работното место кои треба да се исполнуваат од секој заинтересиран кандидат:
• да е државјанин на Република Северна Македонија;
• активно да го користи македонскиот јазик;
• да е полнолетен;
• да има општа здравствена способност за работното место; и
• со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови за работно место број 1 Оператор во национален центар за трансмисија на податоци, авторизација и надзор на летови – RCO
• IV степен средно образование;
• 4 години работно искуство или 1 година работно искуство во областа на воздухопловство.
Општи работни компетенции:
• способност за независно и објективно професионално расудување;
• учење и развој;
• комуникација;
• остварување резултати;
• работење со други/тимска работа и
• стратешка свест.
Посебни работни компетенции:
• познавање на англиски јазик;
Распоред на работно време:
• работни денови: понеделник-недела;
• работни часови: неделно 40;
• работно време: во смени со почеток од 07:30 часот до 19:30 часот и од 19:30 часот до 07:30.
Паричен нето износ на плата: 66.269,00 денари.
Посебни услови за работно место број 2 Студент ВИ
• IV степен Средно образование стручно образование или гимназија;
• без работно искуство.
Општи работни компетенции:
• способност за независно и објективно професионално расудување;
• учење и развој;
• комуникација;
• остварување резултати;
• работење со други/тимска работа и
• стратешка свест.
Посебни работни компетенции:
• познавање на англиски јазик;
• познавање комјутерски програми
Распоред на работно време:
• работни денови: понеделник-петок;
• работни часови: неделно 40;
• работно време: административно флексибилно работно време кое се одвива cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Паричен нето износ на плата: 51.325,00 денари.
Посебни услови за работно место број 3 Помошник за развој и инвестиции и набавки, во Сектор за воздухопловна техника
• VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, економски науки, МФС, ФЕИТ (ЕТФ)–компјутерска техника и автоматика или софтверско инженерство и информациски системи или електроника и/или телекомуникации,
• најмалку 5 години работно искуство.
Општи работни компетенции:
• способност за независно и објективно професионално расудување;
• учење и развој;
• комуникација;
• остварување резултати;
• работење со други/тимска работа и
• стратешка свест.
Посебни работни компетенции:
• познавање на англиски јазик;
Распоред на работно време:
• работни денови: понеделник-петок;
• работни часови: неделно 40;
• работно време: административно флексибилно работно време кое се одвива cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Паричен нето износ на плата: 99.621,00 денари
Посебни услови за работно место број 4 Техничар за климатизација и техничко одржување во Одделение за климатизација и техничко одржување, во Сектор за воздухопловна техника
• IV степен Средно образование Електротехника, машинска струка, математичка или сообраќајна струка;
• 5 години работно искуство во струката
Општи работни компетенции:
• способност за независно и објективно професионално расудување;
• учење и развој;
• комуникација;
• остварување резултати;
• работење со други/тимска работа и
• стратешка свест.
Посебни работни компетенции:
• познавање на англиски јазик;
Распоред на работно време:
• работни денови: понеделник-петок;
• работни часови: неделно 40;
• работно време: во смени со почеток од 07:30 часот до 19:30 часот.
Паричен нето износ на плата: 50,179,00 денари.
Посебни услови за работно место број 5 Самостоен советник за правни работи во Одделение за правни работи, во Сектор за финансиски работи правни работи развој и инвестиции
• ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, правен факултет;
• 3 години работно искуство.
Општи работни компетенции:
• способност за независно и објективно професионално расудување;
• учење и развој;
• комуникација;
• остварување резултати;
• работење со други/тимска работа и
• стратешка свест.
Посебни работни компетенции:
• познавање на англиски јазик;
Распоред на работно време:
• работни денови: понеделник-петок;
• работни часови: неделно 40;
• работно време: административно флексибилно работно време кое се одвива cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Паричен нето износ на плата: 65,899,00 денари.
Посебни услови за работно место број 6 Самостоен советник во Одделение за општи работи во Сектор за финансиски работи правни работи развој и инвестиции
• ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Факултет на општествените науки или природни науки;
• 4 години работно искуство.
Општи работни компетенции:
• способност за независно и објективно професионално расудување;
• учење и развој;
• комуникација;
• остварување резултати;
• работење со други/тимска работа и
• стратешка свест.
Посебни работни компетенции:
• познавање на англиски јазик;
Распоред на работно време:
• работни денови: понеделник-петок;
• работни часови: неделно 40;
• работно време: административно флексибилно работно време кое се одвива cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Паричен нето износ на плата: 65,899,00 денари.
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверени на нотар:
– пријавата за вработување и кратката биографија (CV);
– извод од матичната книга на родените;
– уверение за државјанство;
– потврда дека не му е изречена санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
– доказ за завршено образование (уверение и/или диплома);
– доказ за работно искуство (за работното место за кое е потребно);
– сертификат за познавање на англиски јазик;
– потврда од казнена евиденција;
Заинтересираните кандидати потребната документација заедно со пријавата можат да ја поднесат во просториите на М-НАВ АД Скопје или по пошта на адреса: ул. Македонија бр. 25, објект Лазар Поп Трајков, 1000 Скопје, секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (од 07:30 часот до 15:30 часот) со назнака „за оглас за вработување број 1/2025“.
При поднесување на пријавата лицето го наведува бројот на работно место за кое се пријавува.
Рокот за поднесување на пријавите и потребната документација трае десет (10) работни дена, (не сметајќи го денот на самото објавување), а изборот ќе се изврши согласно одредбата од член 23 став 2 од ЗРО и тоа „доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето“.
Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и во утврдениот poк и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и истите нема да се разгледуваат.
За пријавените кандидати на јавниот оглас ќе се спороведе селекција и интервју:
Фаза 1 – селекција и проверка на веродостојност на докази се спроведува од комисија формирана од М-НАВ АД Скопје.
Фаза 2 – интервју се спроведува од членовите на Управниот одбор по завршување на фаза 1.
Заинтересираните кандидати пријавата можат да ја симнаат од нашата официална веб-страница на следниот линк.
Контакт лице за дополнителни информации Xhultene Tershani, tel 02 3251811 и 02 3251805, е-пошта: djultene.tershani@mnavigation.mk.
М-НАВ АД Скопје