Врз основа на член 22, член 23 и член 25 од Закон за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), член 8 и член 9 од Колективниот договор на М-НАВ АД Скопје и Анекс 1 бр.0101-1714/1 од 13.10.2023 година, бр. 0101-1714/2 од 13.10.2023 година и бр.0101-1714/3 од 13.10.2023 година, Правилникот за систематизација на работните места на А.Д. Давател на услуги М-НАВ бр.0201-183/4 од 01.02.2024 година – Пречистен текст (измена со одлука од УО бр.0201-1054/12 од 04.07.2024 година, бр. 0201-93/11 од 24.01.2025, бр.0201-222/20 од 19.02.2025 година, бр.0201-505/22 од 09.05.2025 година, бр.0201-636/2 од 09.06.2025 година и бр.0201-743/18 од 04.07.2025 година), добиената Согласност од Министерството за финансии на Република Северна Македонија бр.19-6714/2 од 02.07.2025 година (М-НАВ АД Скопје арх.бр.0302-660/3 од 02.07.2025 година) и согласност бр.19-7146/2 од 02.07.2025 година (М-НАВ АД Скопје арх.бр.0302-705/5 од 02.07.2025 година), а согласно одлука бр.0201-732/2 од 02.07.2025 година, одлука бр.0201-754/2 од 07.07.2025 година, Акционерско друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2025
ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

Акционерско друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација објавува оглас за вработување на работници на неопределено работно време за следните работни места:
1. Студент ВМПИ, при Сектор за воздухопловна навигација, Одделение за метеоролошко обезбедување на воздушната пловидба, Отсек за воздухопловни мет мерења, опсервации и информации – Скопје (4 извршители);
2. Студент ВММОИ, при Сектор за воздухопловна навигација, Одделение за метеоролошко обезбедување на воздушната пловидба, Отсек за воздухопловни мет мерења, опсервации и информации – Скопје (1 извршител);
3. Самостоен советник во кабинет на извршниот директор, при Сектор за финансиски работи, правни работи, развој и инвестиции (1 извршител);
4. Обезбедувач на имот Скопје, при Сектор за финансиски работи, правни работи, развој и инвестиции, Одделение за општи работи (1 извршител); и
5. Експерт за информатичка безбедност (Cyber security), Одделение за интегриран менаџмент систем – ИМС, Отсек обезбедување- безбедност (1 извршител).

Општи услови за работното место кои треба да се исполнуваат од секој заинтересиран кандидат:
• да е државјанин на Република Северна Македонија;
• активно да го користи македонскиот јазик;
• да е полнолетен;
• да има општа здравствена способност за работното место; и
• со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работно место број 1 Студент ВМПИ:
• VII/1 степен или најмалку 240 кредити според ЕКТС (VI А) Високо образование природно математички науки – физика, насока метеорологија или техничко технолошки науки (согласно WМО-Nо.258 од ICAO);
• без работно искуство.

Општи работни компетенции:
• способност за независно и објективно професионално расудување;
• учење и развој;
• комуникација;
• остварување резултати;
• работење со други/тимска работа и
• стратешка свест.
Посебни работни компетенции:
• познавање на англиски јазик;
• познавање на работа со компјутери.
Распоред на работно време:
• работни денови: понеделник-петок;
• работни часови: неделно 40;
• работно време: административно флексибилно работно време кое се одвива cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Паричен нето износ на плата 61,859.00 денари.

Посебни услови за работно место број 2 Студент ВММОИ
• IV степен средно образование техничко образование насока метеорологија или гимназија (природно математичка насока);
• без работно искуство.

Општи работни компетенции:
• способност за независно и објективно професионално расудување;
• учење и развој;
• комуникација;
• остварување резултати;
• работење со други/тимска работа и
• стратешка свест.
Посебни работни компетенции:
• познавање на англиски јазик;
• познавање на работа со компјутери.

Распоред на работно време:
• работни денови: понеделник-петок;
• работни часови: неделно 40;
• работно време: административно флексибилно работно време кое се одвива cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Паричен нето износ на плата: 51,325.00 денари.

Посебни услови за работно место број 3 Самостоен советник во кабинет на извршниот директор
• VII/1 или најмалку 180 (VIВ) или 240 кредити според ЕКТС (VIА) правен факултет или економски факултет;
• 1 година работно искуство.

Општи работни компетенции:
• способност за независно и објективно професионално расудување;
• учење и развој;
• комуникација;
• остварување резултати;
• работење со други/тимска работа и
• стратешка свест.
Посебни работни компетенции:
• познавање на англиски јазик;
• познавање на работа со компјутери.
Распоред на работно време:
• работни денови: понеделник-петок;
• работни часови: неделно 40;
• работно време: административно флексибилно работно време кое се одвива cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Паричен нето износ на плата: 72,565.00 денари

Посебни услови за работно место број 4 Обезбедувач на имот – Скопје
• IV степен средно образование;
• лисенца за вршење работи на обезбедување на лица и имот издадена од Комора на РСМ за обезбедување на лица и имот;
• 1 година работно искуство.

Општи работни компетенции:
• способност за независно и објективно професионално расудување;
• комуникација;
• работење со други/тимска работа и
Распоред на работно време:
• работни денови: понеделник-петок;
• работни часови: неделно 40;
• работно време: во смени со почеток од 07:30 часот и завршеток на истото до 19:30 часот и од 19:30 часот до 07:30 часот;
Паричен нето износ на плата: 33,629.00 денари
Посебни услови за работно место број 5 Експерт за информатичка безбедност (Cyber security)

• VII/1 степен или најмалку 240 кредити според ЕКТС (VIA) од областа на технички и природно – математички науки, ЕТФ, ФЕИТ, ФИНКИ, ПМФ-информатика;
• 5 години работно искуство во областа на мрежни системи или телекомуникациски системи.

Општи работни компетенции:
• способност за независно и објективно професионално расудување;
• учење и развој;
• комуникација;
• остварување резултати;
• работење со други/тимска работа и
• стратешка свест.
Посебни работни компетенции:
• познавање на англиски јазик;
Распоред на работно време:
• работни денови: понеделник-петок;
• работни часови: неделно 40;
• работно време: административно флексибилно работно време кое се одвива cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Паричен нето износ на плата: 101,707.70 денари

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверени на нотар:
– пријавата за вработување и кратката биографија (CV);
– извод од матичната книга на родените;
– уверение за државјанство;
– потврда дека не му е изречена санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци);
– доказ за завршено образование (уверение и/или диплома);
– доказ за работно искуство (за работното место за кое е потребно);
– сертификат за познавање на англиски јазик (за работното место за кое е потребно);
– сертификат за познавање работа со компјутери (за работното место за кое е потребно);
– потврда од казнена евиденција (не постара од 6 месеци);
– лекарско уверение за работа; (не постара од 6 месеци);
– лисенца за вршење работи на обезбедување на лица и имот издадена од Комора на РСМ за обезбедување на лица и имот (за работното место бр.4);

Заинтересираните кандидати потребната документација заедно со пријавата можат да ја поднесат во просториите на М-НАВ АД Скопје или по пошта на адреса: ул. Македонија бр. 25, објект Лазар Поп Трајков, 1000 Скопје, секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (од 07:30 часот до 15:30 часот) со назнака „за оглас за вработување број 2/2025“.
При поднесување на пријавата лицето го наведува бројот на работно место за кое се пријавува.
Рокот за поднесување на пријавите и потребната документација трае десет (10) работни дена, (не сметајќи го денот на самото објавување), а изборот ќе се изврши согласно одредбата од член 23 став 2 од ЗРО и тоа „доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето“.
Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот poк ќе се сметаат за ненавремени.
За пријавените кандидати на јавниот оглас ќе се спороведе селекција и интервју:
Фаза 1 – селекција и проверка на веродостојност на докази се спроведува од комисија формирана од М-НАВ АД Скопје.
Фаза 2 – интервју се спроведува од членовите на Управниот одбор по завршување на фаза 1.
Заинтересираните кандидати пријавата можат да ја симнаат од нашата официална веб-страница.

Контакт лице за дополнителни информации Xhultene Tershani, tel 02 3251811 и 02 3251805, е-пошта: djultene.tershani@mnavigation.mk.

М-НАВ АД Скопје