Во петокотна 08 август 2025, Скопје, по завршување на административното работно време, околу 19 часот настана технички проблем на меил сервер во М-НАВ АД Скопје.
Како мерка на претпазливост, привремено беше оневозможен интернет-пристапот до административниот дел на компанијата.
За време на викендот на 9 и 10 август административниот дел од компјутерската мрежа на М-НАВ АД Скопје беше превентивно исклучена од интернет поради сомнеж од можен Ransomware хакерски напад. По првичната анализа на експертите за сајбер безбедност од М-НАВ АД Скопје, утврдено е дека има обид за нелегално влегување во административниот дел на компјутерската мрежа на М-НАВ, поточно во меил серверот, по што уште во саботата на 9 август телефонски е известен Директорот на АЦВ иведнаш е стапено во контакт со Секторот за на компјутерски криминал при МВР и поднесена е соодветна пријава за настанот. МВР со свои експерти веднаш пристигна во М-НАВ и направи увид при кој се земаа соодветни матерјали за вештачење и постапки кои се во нивна надлежност.
Во понеделникот на 11 август, административната мрежа на М-НАВ беше вратена во целосна функцијасо подигање на back_up базите кои ги поседуваше М-НАВ, но пристапот до мрежата постепено се одобруваше за секој канцелариски персонален компјутер посебно, по претходно спроведена детална анализа дека истиот не содржи злонамерен софтер. Овој процес траеше неколку дена.
М-НАВ деновиве е во исчекување и на официјалниот извештај од МВР за да се потврдат причините и евентуално да се пронајдат сторителите на овој обид за хакерски напад.
Важно е да се истакне дека оперативните системи за управување со воздушниот сообраќај во ниту еден момент не беа засегнати, бидејќи меил серверот на административниот дел не е поврзан со системите за управување со воздушниот сообраќај. Натојначин, безбедноста и континуитетот на воздухопловно-навигациските услуги останаа целосно обезбедени.
М-НАВ АД Скопје продолжувасо редовно работење и ќе спроведе дополнителни мерки за унапредување на дигиталната безбедност.