После повеќе од 30 години во АКЛ Охрид, со целосна поддршка на УО на М-НАВ АД Скопје, беа одобрени активности во смисол на подобрување на условите за работа во зграда на АКЛ Охрид.

Во тек на 2026 год. успешно беа завршени работите во врска со реновирањето на сите простории во зграда на АКЛ Охрид, канцеларии, заеднички соби, тоалети и др., како дел од активностите за подобрување на условите за работа, односно монтирање на нова дограма, квалитетна алуминиумска столарија, со одлична термоизолација и енергетски ефикасни стакла.

 Освен горенаведеното, од УО, како дел од План за ЈН за 2026 год., се одобрени уште три други набавки кои треба да се реализираат до крај на тековната година, околу Хортикултурно уредување на двор, покривање на подови со нова подна облога и менување на внатрешните врати, со што во целост ќе се завршат сите предвидени работи околу подобрување на условите за работа во АКЛ Охрид.