За прв пат откако Република Македонија доби статус на опсервер во DANUBE FAB во април 2016 година, делегација на македонскиот давател на услуги на воздухопловна навигација А.Д. „M-НАВ“ во состав од Г-ца Ирена Каличанин –Началник на центарот за обука на КЛ и Г-дин Дејан Зарапчиев – Советник за наплати а предводена од Г-дин Николче Тасески – Претседател на Управен Одбор на „M-НАВ“ и Извршен директор во СВН заедно со Г-ѓа Светлана Глигоровска – претставник од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија присуствуваа на InterFAB Performance Workshop, работилница чиј домаќин беше DANUBE FAB а која се одржа во Софија на 31 јануари и 1 февруари 2018 година.
Главни теми за кои се разговараше беа достигнувањата на АТМ мрежата како и нивниот развој и шемата за наплата во RP3.
Настанот претставува платформа за разменување на најдобрите практики и за разговор во врска со темите кои се од интерес за FAB-овите а во однос на престојните промени на Регулативите за перформанси и наплати за RP 3. За време на работилницата беше призната важноста на девијациите од приходите на годишно ниво во воздушниот сообраќај и нивното влијание врз АТМ достигнувањата.
На работилницата присуствуваа и претставници на FABCE, FABEC, Baltic FAB и BLUE MED FAB.