Претседателот на Управниот Одбор на и Извршен директор во СВН, Г-дин Николче Тасески со Членот на Управниот Одбор на “М-НАВ” и Извршен директор во СВТ,Г-дин Климент Чепуњоски, вчера на 21 Февруари, 2018г., во Брисел, остварија работен состанок со Генералниот Директор на Евроконтрол, Г-дин Еамон Бренан, а на состанокот присуствуваше и Шефот на кабинетот на Генералниот Директор на Евроконтрол, Г-динот Донал Хендли.
На состанокот се разговараше за можноста од потпишување нов Договор за ниво на услуги (Service Level Agreement) меѓу М-НАВ и Евроконтрол, ова би било од особено значење за М-НАВ бидејќи истото има за цел да се добие експертска помош од Евроконтрол во делот на подготвување на процедури на комуникацијата со податочен линк меѓу контролорот на летање и пилотот (CPDLC/Data Link), а би се остварил и премин од часовни податоци за влез (Hourly Entry Count) кон податоци за зафатеност (Occupancy Count) како и во делот на модернизација и рационализација на надзорни услуги (Surveillance modernization and rationalization) со користење на aвтоматско емитување на податоци – ADS-B and Wide Area Multilateration.
Исто така на состанокот беше разговарано за поддршка во делот на хармонизација на регионални FRA, вклучувајќи го воздушнио простор над Косово. Генералниот Директор на Евроконтрол, Г-дин Еамон Бренан даде поддршка за отпочнување на сите активности поврзани со нов договор, во овој правец претставник на Евроконтрол ќе пристигне во Македонија а најдоцна во период од еден месец на повторна средба меѓу првите луѓе на М-НАВ и Генералниот директор на Евроконтрол договорот ќе се финализира.
За време на престојот во Брисел, на маргините на состанокот на CANSO-Civil Air Navigation Services, исто така првите луѓе на М-НАВ остварија средба и со главниот оперативен директор на CANSO, Г-дин Симон Хокуард , а на средбата присуствуваше и Менаџерот за европска координација и безбедност при управување со воздушниот сообраќај, Г-дин Едвардо Гарсија Гонзалес. За време на оваа средба беа презентирани придобивките од евентуално членство на М-НАВ во оваа организација. На состанокот се заклучи да се разгледа можноста од пристапување, со цел зајакнување на политичките позиции на М-НАВ на глобално и регионално ниво, како и постигнување на хармонизација на престојните активности.