Членот на Управниот одбор на М-НАВ и извршен директор на Секторот за воздухопловна техника, Климент Чепуњоски вчера на 17 Април, 2018г., во Брисел, заедно со 41 партнер од воздухопловната индустрија присуствуваше на потпишувањето на  нов договор меѓу Евроконтрол на кој М-НАВ АД Скопје му има дадено мандат за склучување договор  со British Telecom за обезбедување и управување на безбедна и флексибилна New Pan-European Network Service (NewPENS).  Со оваа мрежа ќе се обезбеди  безбеден и економичен пренос на податоците кои  се релевантни во ова поле на делување.  Новиот PENS е продолжување на  PENS од 2009г., но новиот нуди опслужување на поголем број на корисници, зголемена флексибилност, безбедност, расположливост и многу други погодни карактеристики.  Г-дин Еамон Бренан, генерален директор на Евроконтрол напомена дека со зголемувањето на обемот на воздушниот сообраќај, со новиот PENS ќе се подржи европското воздухопловство, обезбедувајќи подобра прекугранична поврзаност а и ќе се поткрепат апликациите кои се особено значајни за безбедноста.

Во моментов има околу 100 локации на повеќе од 30 тековни корисници на PENS кои како и Евроконтрол постепено и во групи ќе преминуваат кон новиот PENS во периодот меѓу Октомври 2018г. и 30 Ноември 2019г, кога и истекува актуелниот PENS договор.

Нов ПЕНС

Нов ПЕНС