15 вработени во “М-НАВ” А.Д. Скопје учествуваа и придонесоа за прекрасната атмосфера на традиционалниот Wizz Air Скопски Маратон кој се одржа во главниот град на Р.Македонија на 06 Мај, 2018. На маратонот земаа учество рекордни 10000 учесници кои беа пријавени од 58 земји од светот.
Николче Тасески, Игор Андреевски и Јасминка Каркински од “М-НАВ” А.Д. Скопје учествуваа на полумаратонска трка на 21 км. Во оваа дисциплина во женска конкуренција Јасминка Каркински имаше забележителен настап, го освои 86-то место од 544 пријавени, исто така во машка конкуренција и Николче Тасески постигна добар резултат, тој се најде на 402 место од вкупно 1366 пријавени.
Александар Палчевски, Филип Милков, Самир Буши и Игор Исакоски учествуваа на штафетен маратон и имаа забележителен настап, освојувајќи го 14-тото место од вкупно 57 пријавени екипи.
На трката од 5 км., учествува Климент Чепуњоски, Васил Депинов, Томе Андоновски, Оливер Муловски, Јовица Шурбановски,Светлана Дракалска, Жарко Апостолоски, Бесар Рамадани, како и Емануил Муратовски.
Со своето учество на Wizz Air Скопскиот маратон, вработените од “М-НАВ” А.Д. Скопје како верни љубители на трчањето и спортот ја покажаа поддршката во развојот на спортувањето и здравиот начин на живеење.