Екипа на АД “M-НАВ„ трчаше на манифестацијата “Охрид Трчат 2018” која се одржа под мотото “Show Your Rare! Show You care”! на 3 Јуни, 2018г. низ улиците на атрактивниот Охрид.
За АД “M-НАВ трчаа Николче Тасески, Игор Исакоски, Јасмина Каркински, Горан Георгиевски, Светлана Крстеска -Дракалска, Горан Кочовски, Игор Андреевски, Јовица Шурбаноски, Оливер Муловски и Томе Андоновски.
Оваа активност е во организација на активист на здруженијата на граѓани за ретки болести, живот со предизвици, Гордана Лолеска во соработка со здруженија и фирми од Охрид и Општина Охрид. Главните трки беа: градска трка од 10.000 метри и рекреативна трка од 5.000 метри.
Постигнувајќи го осмото место од вкупно 32 екипи, екипата од АД “M-НАВ„ ја поддржа идејата да трчаат за помош на лицата со ретки болести, истовремено промовирајќи го спортот, квалитетната исхрана и здравиот начин на живот. Покрај тоа што средствата собрани од оваа манифестација се наменети за лицата со ретки болести, со своето учество АД“M-НАВ„ помогна и во подигнувањето на јавната свест за проблемите и потребите на овие лица.
“Охрид трчат 2018” дефинитивно ја освои и ќе ја освојува Македонија во наредните години а Директорот на трката Иван Цветкоски придонесе за успешното организирање на оваа атлетска манифестација, за беспрекорната организираност, масовноста со голем број на учесници меѓу кои и пациенти со ретки болест, нивните семејства и поддржувачи како и за прекрасната забава.