Делeгација од М-НАВ предводена од Г-дин Николче Тасески, Извршeн Директор на СВН и Г-дин Миѓен Салмани,Извршен Директор на СФПРРИ, во периодот од 09 Јули до 11 Јули престојуваа во работна посета во Тирана, во Albcontrol каде се состанаа со тамошното раководство.
Во рамки на работната посета се дискутираше и се договорија повеќе значајни оперативни теми:
• Отпочнување на соработка за cross border DCT;
• Изготвување и потпишување на договор за размена на податоци од областа на безбедноста;
• Потпишување на билатерален договор помеѓу двете држави за делегирање на АТS услуги и изведување на SAR до крајот на 2018г;
• Договорено е моментално решение за активирање на привремена ограничена зона за воздушен сообраќај кој слетува/полетува од Охрид;
• Директна телефонска линија помеѓу Охрид и Тирана;
• Меѓусебна соработка при имплементација на NewPENS;
• Размена на ОLDI пораки за Cumulus Nimbus директни рути;
• Размена на податоци за терен во областа околу охридскиот Аерoдром Св. Апостол Павле што има влијание на инструменталните процедури на летање;
За време на работната посета се договори наредна средба во Скопје во Септeмври за потпишување на Меморандум за рабирање помеѓу двата провајдера, Albcontrol и М-НАВ.