На 30-ти Јуни оваа година забележани се рекордни 978 летови над македонското небо!
Во првата половина на 2018 година продолжи трендот на континуиран раст на сообраќајот кој започна во 2017 година кога се забележа раст од над 20% на глобалниот сообраќај.
Во првите шест месеци од 2018 година М-НАВ има реализирано вкупно 82.619 oперации наспроти 73.074 операции во 2017 година, со што бележиме дополнителен раст од 13,6%.
Во однос на полетувања и слетувања бележиме раст од 15,9%, 8868 операции во 2018 наспорти 7651 операција во 2017 година.
Месец со најголем раст на вкупниот сообраќај е месец Мај со вкупен сообраќај од 19.594 во 2018 година, наспроти 16768 во 2017 година, што претставува вкупен раст од 16,9% на месечно ниво.
Tрендот на континуиран раст на сообраќајот продолжува и во текот на летните месеци. Најоптеретен ден во неделата останува сабота, а среда, петок и недела се следни денови во неделата по оптеретување.
Одлично сработено од страна на сите колеги кои дадоа придонес за остварување на овој успех, а посебно благодарност до нашите Контролори на летање!