На 11ти Август по трет пат оваа година се надмина бројот на летови над македонското небо со вкупно 1028 летови!

Со ова се надмина рекордот од предходната сабота (4-ти Август) за 21 лет. Од вкупно 1028 летови, 963 се прелети а 64 остварени на аеродромите во Скопје и Охрид

На 4ти Август оваа година повторно се надмина бројот на летови над македонското небо со забележани рекордни 1007 летови!

Во првата половина на 2018 година продолжи трендот на континуиран раст на сообраќајот кој започна во 2017 година кога се забележа раст од над 20% на глобалниот сообраќај.
Во првите шест месеци од 2018 година М-НАВ има реализирано вкупно 82 619 oперации наспроти 73.074 операции во 2017 година, со што бележиме дополнителен раст од 13,6%.

Во однос на полетувања и слетувања бележиме раст од 15,9%, 8868 операции во 2018 наспорти 7651 операција во 2017 година.

Месец со најголем раст на вкупниот сообраќај е месец Мај со вкупен сообраќај од 19594 во 2018 година, наспроти 16768 во 2017 година, што претставува вкупен раст од 16,9% на месечно ниво.

Tрендот на континуиран раст на сообраќајот продолжува и во текот на летните месеци. Најоптеретен ден во неделата останува сабота, а среда, петок и недела се следни денови во неделата по оптеретување.

Одлично сработено од страна на сите колеги кои дадоа придонес за остварување на овој успех, а посебно благодарност до нашите Контролори на летање!