Во периодот од 9 до 12 септември во Саленто, Италија, за прв пат се оддржа музички фестивал на контролори на летање од цел свет (Controllers’ Music Festival). Предуслов за учество на фестивалот беше најмалку еден од членовите на секој бенд да поседува активна контролорска дозвола. Честта да го отвори фестивалот ја имаше бендот од Македонија Control Freaks, предводен од нашата вработена Наташа Мијат Крстевска позната како Мијата. На фестивалот настапија 13 бендови од различни центри низ светот како Карлсруе – Германија, Прага – Чешка, Техеран – Иран, Канарски Острови, Рим, Бриндизи и Милано – Италија и други.
„Искрено се надевам дека овој фестивал ќе стане традиција затоа што чувството дека толку сродни души како на контролорски план така и музички беа на едно место е неописиво. Голем аплауз за нашите колеги од Бриндизи кои се организатори и за идејата да се направи ваков фестивал“ – вели Наташа Мијат Крстевска по враќањето од фестивалот.