На 10ти Октомври 2018г, македонска делегација претставувана од Г-дин Николче Тасески – Претседател на Управен Одбор и Извршен Директор на СВН, Г-ца Ирена Каличанин – Заменик Директор на СВН, Г-дин Владко Крстевски – Заменик Директор на СВТ, Г-ѓа Катарина Марковска – Шеф на смена во ОБКЛ и Г-ѓа Јасминка Гоцевска, АТМ Експерт беа во официјална посета на давателот на услуги за воздухопловна навигација, Malta Аir Navigation Services (MATS), кој се наоѓа на меѓународниот Аеродром Малта. Делегацијата на М-НАВ беше пречекана од страна на Г-дин Кенет Чиркоп – Извршен Директор на МАТS и од Г-дин Ентони Хаидон, Раководител на центарот за обука во МАТS. На состанокот се разговараше на различни теми во врска со АТС операции, а посебен осврт се направи на ново инсталираниот АТМ систем во МАТS кој е со најнови технолошки и оперативни карактеристики . Делегацијата имаше можност да сподели искуства, особено во однос на набавка и инсталација на нови АТМ системи, земајќи ја во предвид временската рамка за секоја фаза од процесот. Вака, со запознавање и разбирањена севкупниот процес на инсталирање на нов АТМ систем, делегацијата на М-НАВ подетално се запозна со престојните предизвици но и ја подигна перцептивната свест.
Понатаму, делегацијата на М-НАВ ги посети оперативните простории на МАТS како и техничката сала каде им беа презентирани оперативните можности на системот и на персоналот. Секој член на делегацијата имаше можност да се осврне на различна тема, да поставува прашања и да се запознае со системот подетално.
На крајот од посетата, сите претставници од М-НАВ имаа можност да работат и да ги пробаат функциите и можностите на новиот систем во симулаторот на МАТS. На делегацијата и претставуваше особена чест за добиената безрезервна поддршка да се запознае одблиску со новиот АТМ систем као и за можноста да работи на него, со што се здоби со единствено и високо ценето искуство.
Уште еднаш М-НАВ би сакала да изрази огромна благодарност на колегите и на пријателите од МАТS за срдечниот пречек и за прочуената медитеранска гостопримливост.