АД М-НАВ продложува со создавањето на стручно оспособен и квалификуван воздухопловен персонал. Петмина аеродромски инструментални контролори на летање ќе се обучуваат за стекнување на овластување за надзорна приодна контрола на летање, тие ќе се обучуваат во центарот за обука на BULATSA кој е еден од најреномираните европски центри за обука каде студентите стручно се оспособуваат со согласност со стандардите и препораките на ИКАО и Евроконтрол.
Во правец на воспоставување и зајакнување на односите, на 17ти октомври во БУЛАТСА, двете страни, застапувани од Г-дин Николче Тасески – Претседател на Управен Одбор во М-НАВ и Извршен Директор во СВН и Г-дин Георги Пеев – Генерален Директор на БУЛАТСА потпишаа договор за јавна набавка на следната услуга, Обука за КЛ за APS овластување.