По успешното прво издание во 2017 година, на 7ми октомври 2018 година по вторпат се одржа СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ. Вработените во М-НАВ АД Скопје земаа активно учество на оваа трка како тим и тоа, 5 претставници на трката на 10 км: Николче Тасески, Игор Андреевски, Јасминка Каркински, Владимир Трпковски и Гордана Теговска и 2 претставници на штафетната трка 2х5 км: Ристе Стефанов и Жарко Апостолоски. Секој што ја заврши трката доби медал.
Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје (кој е организатор на Виз Ер Скопски Маратон и Авицена Женска Трка), во соработка со А.К.Работнички и Атлетската федерација на Македонија и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Генерален покровител на СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ е Агенцијата за Млади и спорт, покровител е Град Скопје а огромна помош има и од други партнери и спонзори. Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА), а од следната година предвидено е оваа трка да стане член на Меѓународната асоцијација на маратони и улични трки (АИМС).
Оваа трка отвора едно уникатно поглавје во кое се вклучија десетици познати личности. Заедно со СОС Детско село тие брзо чекорат кон зголемување на нивото на филантропија и здравиот начин на живење во Македонија.