После зачленувањето на АД М-НАВ во CANSO во јуни 2018г., Извршниот Директор на М-НАВ и Претседател на УО, Г-дин Николче Тасески и Заменик Извршниот Директор на СВН, Г-ца Ирена Каличанин учествуваа на EC3/65 состанокот кој се одржа во седиштето на CANSO Europe во Брисел на 29.10.2018г. На состанокот на кој учествуваа Извршни Директори (CEOs) од голем број на даватели на услуги на воздухопловна навигација, Г-динот Тасески одржа поздравен говор со кој ја претстави компанијата и подвлече дека М-НАВ и покрај тоа што е мал давател на услуги на воздухопловна навигација бележи еден од најголемите нагорни трендови во однос на покачувањето на обемот на воздушниот сообраќај во Европа, односно во минатата година забележан е раст на воздушниот сообраќај од повеќе од  17% на бројот на прелети, и 7% на сообраќајот во терминалната област, додека оваа година досега растот на воздушниот сообраќај е околу 12% како во однос на бројот на прелети така и на сообраќајот во терминалната област.

Понатаму тој ги изрази своите очекувања во однос на бенефитите кои ќе ги добие АД М-НАВ со членството во CANSO Europe.

„Mојата држава се стреми за влез во ЕУ во блиска иднина, но сепак, ние како потписници на договорот за европска заедничка воздухопловна област, она што особено го очекуваме од членството во CANSO Europe е нашиот глас да биде слушнат, односно CANSO да го представува гласот на АТМ индустријата во Европа и  да ги застапува пред европските институции интересите на давателите на услуги на воздухпловна навигација, како и да го насочува развојот и имплементацијата на европската легислатива.  Понатаму,  очекуваме од страна на CANSO Europe да ја координира и промовира примената на најдобрите практики на давателите на услуги на воздухопловна навигација во регионот”.

На EC3/65 состанокот се презентираа интерни теми односно стратешките цели и приоритети на CANSO EUR, се дискутираше за капацитетот на воздушниот простор, се  даде предлог буџетот  за 2019г. и идните сценарија за него, исто така се наведоа и придбивките  од CANSO- Eurocontrol/NM состанокот на високо ниво и сл. Посебно беше разгледано како CANSO EUR  ќе придонесе за визијата за европскиот воздушнен простор како што се Architecture Airspace Study,  SES Wise Person Group, а на крај од состанокот се разгледуваа и CANSO глобалните активности.

CANSO