По спроведениот процес на селекција на кандидати за контролори на летање и постапката за јавна набавка, М-НАВ потпиша договор за школување на првата група од 5 кандидати за контроли на летање за стекнување на овластување ACS, за обласна контрола на летање.
Обуката на овие кандидати ќе се спроведе во Копенхаген, Данска, во центарот за обука Global ATS – Denmark.
Global ATS – Denmark е основана како подружница на Global ATS Ltd UK, која постои од 2011 година, како наследник на Bailbrook Aviation College од 1978. Центарот за обука Global ATS – Denmark е сертифициран од страна на Данската агенција за цивилно воздухопловство во согласност со ЕУ Регуларивата 2015/340.
Обуката за кандидатите на М-НАВ ќе започне на 19ти февруари 2019, и согласно договорот треба да заврши кон средината на месец јули.
Им посакуваме успешна обука на нашите кандидати!