Светскиот АТМ Конгрес се одржува со цел да ги собере на едно место најголемите светски водечки производители на АТМ опрема, најголемите светски експерти, сите заинтересирани страни и сите Даватели на услуги на воздухопловна навигација, на кој воедно се одржуваат презентации на најновите продукти и се овозможуваат конференциски состаноци и контакти меѓу учесниците, понудувачите и корисниците, на кои учесниците имаат можност директно да се запознаат со најновите технологии и достигнувања во полето на АТМ индустријата.
За учество на Светски АТМ Конгрес, а согласно тековниот развоен инвестициски циклус, М-НАВ има закажано повеќе работни состаноци на барање на повеќето производители со кои веќе имаме склучено Договори за набавка на опрема, како што се LEONARDO, EGIS AVIA, Park Air Systems, Центри за обука на контолори на летање и др, финансирани согласно Договорот за заем склучен со ЕБОР како и од сопствени средства, како и други долгогодишни соработници на М-НАВ и идни потенцијални добавувачи учесници на Конгресот.
На овој Конгрес учествуваат Претседателот на Управниот Одбор во М-НАВ и Извршен Директор на СВН – Г-дин Николче Тасески, Извршниот Директор за финансиски и правни работи, развој и инвестиции – Г-дин Миѓен Салмани и Г-дин Климент Чепуњоски – Извршен Директор на СВТ, Надзорниот Одбор на М-НАВ предводен од Г-дин Никола Бајалџиев како претседател и Г-дин Лазар Ѓорѓески како член и други вработени во А.Д. М-НАВ.
