Sout East Axis 23, прелиминарниот координативен состанок за прв пат се одржa во Република Северна Македонија од 26ти до 27ми Март 2019 година. Домаќин на состанокот беше АД М-НАВ, под покровителство на Еurocontrol, оваа одлука беше донесена од страна на земјите-членки на Eurocontrol. На состанокот учествуваа претставници од приближно 30 држави членки на Eurocontrol. Состанокот беше отворен од страна на Г. Николче Тасески, Претседател на Управен Одбор на М-НАВ и Г.  Проф. Др. Томислав Тунтев, Директор на АЦВ, посакувајки им добредојде на сите присутни.

Овој координативен состанок е од особена важност за справување со предизвиците во воздушниот сообраќај кој ги носи летото 2019 година за сите држави во Југоисточниот регион, а особено за Република Северна Македонија, земајќи го предвид значителниот пораст на воздушниот сообраќај над нашето небо.

Учесниците на состанокот разговараа околу расположливиот капацитет на воздушниот простор, ефектот од дефицит од персонал и ефектот од евентуални штрајкови во индустријата со посебен акцент на подготовка и планирање на одредени сценарија за непречен проток на воздушниот сообраќај, особено задоволство за сите присутни на состанокот претставуваше посетата на ОБКЛ.

South East Axis 23

South East Axis 23

South East Axis 23

South East Axis 23

South East Axis 23

South East Axis 23