На покана од страна на М-НАВ, на 29ти март, Г-дин Николче Тасески – Претседателот на УО на М-НАВ заедно со претставници на високо ниво од АД М-НАВ остварија билатерален состанок во Охрид со делагација од Албконтрол предводена од Г-дин Мина Куста – Генерален директор на Албконтрол.
Целта на овој билатерален состанок кој е од исклучителна важност беше потпишување на ревидиран Договор за размена на радарски податоци во согласност со форматот на европската агенција за безбедност во воздухопловството и потпишување на билатерален договор за размена на безбедносни податоци во согласност со регулативата на европската комисија 376/2014.
Овој состанок беше можност претставници од двете држави на повисоко ниво да разговараат и за измените на договорите за соработка (Letters of Agreеment) меѓу М-НАВ и Албконтрол, вклучително и за измената на просторот на надлежност во АКЛ Охрид а со цел оптимизација на оперативното работење на одделенијата Охрид ТВР/АПП и Скопје ТМА.
Дополнително на состанокот беше разгледан и статусот на договорот кој треба да се склучи меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија за делегирање на услуги за воздушен сообраќај во делот на воздушниот простор над Охридското Езеро како уште еден знак на добра соработка меѓу двете држави.