На 6ти септември, Заменик директорот на секторот за воздухопловна навигација, Ирена Каличанин, и раководител на центарот за обука на контролори на летање во М-НАВ, Иво Паскалов, беа во работна посета на центарот за обука во Херез, Шпанија, каде во моментов на обука се наоѓа втората група од нашите студенти и реализираа средба со директорот на Flight Training Europe, S.L., Г-дин. Оскар Сордо и инструкторите за обука на КЛ.
По спроведениот процес на селекција на кандидати за контролори на летање и постапката за јавна набавка, М-НАВ потпиша договор за школување на втората група од 6 кандидати за контроли на летање, од кои 5 кандидати за стекнување на овластување ACS, за обласна контрола на летање и 1 кандидат за ADI/TWR и APP (кула/приодна).
Обуката на овие кандидати почна да се спроведува почнувајќи од 04ти Август 2019 во Херез, Шпанија, во центарот за обука Flight Training Europe, S.L.
Flight Training Europe, S.L има над 30 години искуство во обука на воздухопловен персонал. FTEJerez се етаблира како една од водечките и најексклузивните организации за обука во полето на авијација. Со текот на годините, FTEJerez изгради и консолидира низа првокласни услуги за обука во воздухопловството и комплетно портфолио на обуки за контролори на летање.
Нашите студенти моментално се во фаза на полагање на теоретските испити од основната обука за КЛ и досегашните резултати постигнати на испитите се одлични. Обуката за кандидатите на М-НАВ согласно договорот треба да заврши на почеток на месец Ноември оваа година за 5те ACS студенти и во месец Декември за кандидатот кој е на обука за стекнување на ADI/TWR и APP овластување.
Им посакуваме успешна обука на нашите кандидати и да продолжат со одлични резултати и во иднина