Претседателoт на Управен одбор на АД М-НАВ и Извршeн директор на СВН, Г-дин Николче Тасески и Јасминка Гоцевска АТМ Експерт за меѓународна соработка во СВН, на 20 Септември во Будимпешта, присуствуваа на состанокот Gate One.  На состанокот беа присутни сите претставници од тринаесетте даватели на услуги за воздухопловна навигација во регионот.

Првенствено на овој состанок присутните разговараа за иднината на Gate One како и за начинот на работа на оваа заедничка платформа. Секој од Извршните Директори на давателите на услуги во воздухопловната навигација, партнери во Gate One платформата го изразија својот став и гледиште во однос на веќе поставената заедничка визија и мисија на групацијата.

Преку презентација подготвена од страна на Претседавачот на Gate One, Г-дин Kornél Szepessy, CEO на Hungarocontrol, присутните се потсетија на основните цели кон кои се стреми групацијата, зајакнувањето на функциите на мрежата, споделување на знаење, создавање платформа за координација, заеднички ставови и стратешки цели и поддршката – врз основа на консензус.

Во продолжение на состанокот се нагласија  суштинските предизвици кои директно ја засегаат иднината на оваа платформа и потребата истите да бидат редефинирани со предлози дадени од членовите. Стравувањето дека истовременото членување во CANSO и други алијанси би можело да предизвика конфликт на мислења, немање доволно мотив, ригидно носење одлуки беа исто така земени во предвид.  Беше презентирана и SWOT анализа на Gate One, преку која присутните добија јасна слика за сите предности, слабости, можности и закани.

Со цел да се постигне заеднички став за идните насоки и позиционирање на Gate One платформата, присутните беа поделени на 4 групи и секоја група преку реленг бреинсторминг дојде до одредени заклучоци кои понатаму беа разгледани како насока за понатамошно делување на платформата.

Членовите на Gate One ги прифатија предлог заклучоците во иднина начинот на поддршка при гласање да се промени од консезуално во двотретинско мнозинство, сите членки да бидат со активен статус и главниот фокус во идното работење на оваа платформа да бидат реални и тековни теми  и проблематики. Како заеднички став на присутните од еднодневниот состанок, беше заклучокот во најкус рок GCC да подготви предлог измени во Договорот за основање на  Gate One, каде што ќе бидат вметнати сите усвоени измени во однос на гласањето и истото ќе биде дадено на усвојување од страна на Извршните Директори, на предстојниот состанок во Софија. Воедно беше дадена насока до сите членки да дадат предлог измени и дополнувања во делот на стратегијата, визијата и мисијата на Gate One.