Денес насекаде низ светот се слави Светскиот ден на Контролорите на летање!

М-НАВ го честита Светскиот ден на Контролорите на летање, 20ти октомври! Контролорите на летање ширум светот имаат заедничка цел која посветено ја реализираат, а тоа е преку синтеза на безбеден, ефикасен и економичен систем на контрола на летање и сопственото специфично знаење, вештини и искуство светот да добие безбеден авио сообраќај.

Во својата честитка до сите Контролори на летање, Претседателот на Управниот одбор на М-НАВ и Извршниот директор на М-НАВ, Г-дин Николче Тасески наведува дека брзото пребарување на интернет ќе потврди дека во просек дневно има приближно 100.000 летови кои се дел од општата авијација, приватни, комерцијални и карго летови кои ги опслужуваат контролорите на летање. Исто така тој ја нагласува значајноста на оваа најпредизвикувачка професија, наведувајќи дека за безбедноста на тие летови се грижат професионалци, мажи и жени, познати како Контролори на летање за кои за жал јавноста многу малку знае и за нив дознава само од наслов од медиуите за сторена грешка или во случај на воздухопловна несреќа, а ретко се слават нивните успеси. Тој нагласува дека е потребна промоција на оваа професија, бидејќи овие професионалци се значаен дел од најбезбедниот начин на превоз во светот и дека тие сносат максимална одговорност за сигурноста во непријатни моменти за време на летот. Овие чувари на небото работат со максимална посветеност и концентрација, брзо и ефикасно притоа применувајќи го сето стекнато знаење, искуство и вештини. Тие немаат можност да го слушнат она благодарам кое обично е насочено кон пилотите и екипажот на летот, ниту да ја видат насмевката после успешно завршен лет, затоа барем на овој ден да го одбележиме нивниот придонес со едно големо благодарам. Уште еднаш М-НАВ им го честита денот на сите Контролори на летање, им посакува успешно работење, опслужување на поголем број на летови и им се заблагодарува за нивната посветеност кон безбедноста на сите патници!