Минатата недела во центарот за обука, Flight Training Europe, S.L во Херез, Шпанија, кандидатите контролори на летање од М-НАВ кои беа избрани во процесот на селекција спроведен во текот на 2018 година, успешно завршија со почетната обука и обуката за стекнување на овластување ACS и TWR.
По тој повод центарот за обука им организираше свечена цермонија за одбележување на ова достигнување и врачување на соодветните дипломи. Извршниот директор на СВН и Претседател на УО, Г-динот Николче Тасески заедно со Заменикот директор на СВН, Г-ца Ирена Каличанин, г-динот Miguel Caparrós, Главен инструктор за обука на контролори на летање во FTEJerez и Г-динот Frik Schoombee, Директор/Бизнис развој присуствуваа на оваа свечена церемонија заедно со останатите поканети гости и претставници од школскиот центар.
М-НАВ вложи големи напори во процесот на селекција и регрутација на кандидати за КЛ и го направи најдобриот избор за што сведочи и пофалбата добиена од центарот за обука, Flight Training Europe, S.L дека оваа класа на студенти КЛ од М-НАВ се најдобрите кои ги има “произведено” центарот за обука.
На церемонијата беа доделени и почесни дипломи за посебни достигнувања на студентот Бард Ајдини, за најдобри постигнувања во теоретскиот дел, и Јаков Бурнески за најдобри достигнувања во практичниот дел, односно обуката на симулатор.
М-НАВ се гордее со постигнатите резултати и на оваа група како и со резултатите на претходната која пред неколку месеци исто успешно ја заврши својата обука во центарот ATS Global Denmark. Со новите амбасадори на авијацијата треба да се гордее целата наша Држава
Дипломирањето на сите студенти КЛ оваа година е посебно задоволство за М-НАВ зошто по скоро 10 години Друштвото доби подмладок која во иднина ќе го придонесе за опслужувањето на зголемениот обем на воздушен сообраќај.
Уште еднаш М-НАВ им честира на студентите КЛ за постигнатиот успех и им посакува успешен развој на нивната кариера.