Првите луѓе на давателот на услуги за воздухопловна навигација М-НАВ, Г-динот Николче Тасески и Г-динот Александар Палчевски заедно со АТМ и CNS експерти од M-НАВ, за прв пат остварија еднодневен работен состанок со претставници од HCAA- Thessaloniki (Hellenic Civil Aviation Authority), соседна Република Грција.
Главна тема на состанокот беше имплементација на OLDI (On Line Data Interchange) со MAKEDONIA APP, како протокол за автоматска координација и размена на актуелни податоци за лет меѓу двете соседни единици на Контрола на летање. Имплеменацијата на OLDI е од особена важност за поголема ефикасност и точност во размена на оперативни податоци, но и намалување на вербалната координација меѓу соседните единици на Контролите на летање.
На состанокот исто така беше разговарано и за други оперативни теми од заеднички интерес.
Земајќи во предвид дека ова е прва работна средба со колегите од HCAA- Thessaloniki , средбата може да се оцени како исклучително важна во правец не само на подобрување на автоматизираната размена на податочни пораки, туку и во правец на подобрена комуникација, зголемена меѓусебната доверба и зајакната соработката меѓу Република Грција и Република Северна Македонија во областа на воздухопловството.
Ваквиот конструктивен пристап на соработка меѓу контролите на летање на овие две соседни земји ќе продолжи и во иднина.