Во рамките на прославата на големиот јубилеј, пет децении постоење, кој минатата недела го одбележа полициската хелокоптерска единица, на М-НАВ и беше доделена БЛАГОДАРНИЦА за унапредувањето на односите и соработката со Хеликоптерската единица при МВР.

Ова претставува особена чест и задоволство за М-НАВ бидејќи оваа благородна, животоспасувачка Хеликоптерската единица при МВР е организациона единица која што по своето значење, улога и функција претставува стожер во полициското делување, особено кога станува збор за сложени и крајно специфични полициски, воздухопловни активности и операции.

Со ова М-НАВ доби уште едно признание дека континуирано ги унапредува односите и соработката со низа организации во областа на воздухопловството издигајќи се како респектабилен фактор како во нашата држава така и пошироко.

М-НАВ ќе продолжи со техничка, професионална и стручна соработката со Хеликоптерската единица и во иднина, согласно највисоките стандарди за соработка.