М-НАВ преку својот претставник, Г-динот Владко Крстевски- Извршен директор на СВТ учествуваше на форумот на учесници Network Directors of Technology & Infrastructure Working Group (NDTECH) кој се одржа минатата недела во седиштето на Еуроконтрол во Брисел. Оваа работна група е формирана со цел да сe обезбеди поддршка на мрежниот Менаџер во процесите на заедничко носење одлуки (Cooperative Decision Making – CDM) за прашања поврзани со технологијата и инфраструктура во европската АТМ мрежа.
Работната група треба да одговара пред Одборот на мрежен менаџмент но и да го поддржува истиот во носење одлуки за технологијата и инфраструктурата во европската АТМ мрежа, согласно IR (EU) 123/2019 (EC1, 2019).
Оваа работна група е одговорна за точноста на одлуките кои ги носи Одборот на мрежен менаџмент, но и за ефикасната имплементација на насоките и одлуките на Одборот на мрежен менаџмент. Она што е од особена важност е тесната соработка на работната група со Networks Directors of Operations Group (NDOP), давајќи релевантен инпут во однос на технологијата и инфраструктурата.
Со своето учество на овој форум М-НАВ повторно докажа дека континуирано ги следи и придонесува за реализација на сите концепти, програми и проекти, учествувајќи во нивното дефинирање и развивање.
М-НАВ посветено се стреми кон кохеренетност на договорените мрежни и локални активности со мрежниот стратешки план и мрежниот план на операции. Нашата организација активно придонесува за исполнување на условите од европскиот АТМ Мастер план, за исполнување на таргетите на перформансите согласно иницијативата Единствено европско небо како и за исполнување на условите согласно регулативите на Европската Унија и Европската Комисија.