- Согласно Извадокот од Нацрт – записникот од 15-тата седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на ден 10.03.2020 година и Извадокот од Нацрт- записникот од 16-тата седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на ден 11.03.2020 година во врска со преземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID 19 (корона вирус) Ве известуваме за следното:
- Вработените лица родители/самохрани родители кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четвро одделение, за кого е неопходна домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот согласно донесените заклучоци, мерки и препораки од страна на Владата на Република Северна Македонија на 15-тата седница одржана на ден 10.03.2020 година и дополнување на истите на 16-тата седница одржана на ден 11.03.2020 година. Исто така е потребно, до Одделението за човечки ресурси да достават доказ/потврда за основот на користење на ова оправдано отсуство, (потврда издадена од детската градинка или уплатница за платен надомест за престој во детска градинка, копија од патна исправа за возраста на детето или копија од извод од матична книга на родени, потврда за редовен ученик од образовните институции или копија од свидетелство). Имено, Вработените кои користат оправдано отсуство по горенаведениот основ до Одделение за човечки ресурси да достават и своја лична писмена Изјава под морална, материјална и кривична одговорност дека во секое време ќе бидат достапни на работодавачот за вршење на службени работни задачи и обврски од својот дом, преку комуникација со електронска пошта, или пак, во текот на денот во итни ситуации да бидат и физички на своето работно место, во период од два до три часа.
- Секој вработен родител/самохран родител на малолетно дете со навршена возраст до 10 години чии деца не посетуваат детска градинка или не се вклучени институционално во воспитно – образовниот процес, не се ослободени од работа и извршување на работни активности.
- Се ослободуваат од работа и работни активности бремените жени и хронично болните лица. Утврдени се следните категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа нa приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:
- Хронични респираторни заболувања
- Тешки кардиоваскуларни заболувања
- Дијабет- ТИП1
- Малигни заболувања
- Имуно-компромитирачки состојби
- “М-НАВ” А.Д. – Скопје постапувајки по заклучоците, мерките и препораките дадени од страна на Владата на Република Северна Македонија на 15-тата седница одржана на ден 10.03.2020 година и 16-тата одржана на ден 11.03.2020 година ги откажува сите настани, патувања, собири, обуки, семинари, конференции и друг тип на средби, за време на овој период
- Задолжително да се самоизолира секој вработен кој доаѓа од високо и средно ризичните држави, во период од 14 дена, (согласно листата на Светската здраствена организација редовно се ажурира и е објавена на веб страницата на Светската здраствена организација на следниот линк: http://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coгonavirus-2019) или на zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2020/03/Spisok-na-zemji11.03.2020.pdf
- Секој вработен да избегнува патување во земји кои се од висок и среден ризик, согласно листата на Светска здраствена организација (редовно се ажурира и е објавена на веб страницата на Светската здраствена организација на следниот линк: http://www.who.int/emergencies/ diseases/novel-coronavirus-2019 или на zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2020/03/Spisok-na-zemji11.03.2020.pdf
- Вработените кои што нема да ги почитуваат и кои ќе ги прекршат препораките ќе бидат казнети согласно член 205 според кој: “Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полова дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Со казната од став 1 ќе се казни и тој што не постапува според прописите или наредбите од став 1 во поглед на сузбивањето или спречувањето на заразните болести кај животни кои можат да се пренесат на луѓето и со тоа предизвикува пренесување на заразна болест. Ако како последица од делото од став 1 е пренесена неизлечива заразна болест, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. Обидот за делото од став 1 на овој член за пренесување на неизлечлива заразна болест е казнив. Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неизлечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеца.Тој што делото од ставовите 1 и 2 ќе го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или .со затвор до шест месеци. Ако делото од овој член го стори правна лице, ќе се казни со парична казна” и член 206 според кој:”Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото од овој член го стори правна лице, ќе се казни со парична казна” од Кривичниот законик (“Службен весник на Република Македонија” бр. 37/96, 80/99, 4/02, 43/03, 19/04, 81/05, 60/06, 73/06, 7/08, 139/08, 114/09, 51/11, 135/11, 185/11, 142/12, 166/12, 55/13, 82/13, 14/14, 27/14, 28/14, 41/14, 115/14, 132/14, 160/14, 199/14, 196/15, 226/15, 97/17 и 248/18).