- Согласно со одлуката број 02-605/3 донесена од страна на Управниот одбор на „М-НАВ“ А.Д –Скопје на ден 12.03.2020 година, а со која се одобруваат дополнителните Постапките за однесување со цел превенција на ширење на коронавирусот Covid – 19, доставени со допис бр. 08-599/1 од 12.03.2020 година, од страна на Ирена Каличанин, координатор на работната група за превенција на ширење на коронавирусот Covid-19, формирана со одлука на Управниот одбор бр. 02-494/2 од 02.03.2020 година и одлука за измена и доплнување бр. 02-527/5 од 14.03.2020 година, Ве известуваме дека со оглед на развојот на настаните и преземањето на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), од страна на Владата на Република Северна Македонија, менаџментот на „М-НАВ“ А.Д. – Скопје воспоставува дополнителни мерки кои ќе се применуваат за вработените и во работните простории на „М-НАВ“ А.Д. – Скопје кои стапуваат на сила веднаш и важат до донесување на понатамошни инструкции:
- Се стопираат сите службени патувања. Исклучок се само започнатите службени патувања во земјите кои не се високо и средно ризични. Се препорачува доколку е можно користење на видео/телефонија и присуство на состаноци преку webex.
- Сите посети на „М-НАВ“ А.Д. – Скопје од надворешни лица се суспендираат. Исклучоци може да бидат одобрени од страна на Извршните/Замениците директори на секторите за неодложни поединечни посети. При овие посети вработените да преземат дополнителни мерки на претпазливост, да се избегнува физички контакт, да се држи поголемо растојание, да се изврши дезинфекција на рацете пред и по посетата, да го замоли посетителот да го стори истото, и сл.
- Вработените кои доаѓат од високо и средно ризичните држави/региони, во период од 14 дена да воведат задолжителна самоизолација. Истите дури и ако не се чувствуваат заболени потребно е да се јават на посочените броеви за добивање на совети и да останат дома. Лицата кои согласно горенаведеното нема да доаѓаат на работа должни се до Одделението за човечки ресурси по електронски пат да достават скенирана патна исправа како доказ за патувањето во наведените региони. Листата на високо и средно ризични држави/региони секојдневно ќе биде ажурирана на веб страната на „М-НАВ“ А.Д. – Скопје. (www.mnavigation.mk). Воедно се препорачува на вработените да избегнуваат патување во земји кои се од висок и среден ризик согласно објавената листа.
- Техничките интервенции во оперативните простории се сведуваат на минимум, односно само на неопходните технички интервенции.
- Се ограничува движењето на вработените во просториите на Аеродромот во Скопје само во делот на нивните оперативни простории согласно шемата во прилог. Целта на воведувањето на оваа шема е да се ограничи мешањето на вработените. Сите вработени да се движат во рамките на нивните простории и непотребно да не се движат и престојуваат во просториите на други одделенија/отсеци/сектори. За вработените од Аеродром Охрид се забранува групно задржување во заедничката кујна.
- Се препорачува на оперативниот персонал да го ограничи своето движење вон работно време само на неопходно. Особено се препорачува на возрасните и повисокоризичните категории на вработени со хронични болести (хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни заболувања, дијабет- ТИП1, малигни заболувања и имуно-компромитирачки состојби) да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз.
- Секој вработен кој ги чуствува следниве синтомите: треска (покачување на телесна температура), кашлица и отежнато дишење (скратен здив) ВЕДНАШ да замине дома и да побара медицинска помош преку јавување на достапните броеви најблиску од местото на живеење и тие ќе го советуваат што да направи понатаму, во никаков случај да не одат на матичен лекар или болница.
Задолжително да го извести својот претпоставен телефонски или преку електронска пошта дека не се чуствува добро и дека ги има некои од наведените симтоми.
Медицинска помош на секој момент можете да барате јавувајќи се на следните броеви:
- ЦЈЗ Битола 071/261-330
- ЦЈЗ Велес 071/219-278
- ПЕ Гевгелија 078/545-444
- ЦЈЗ Кочани 071/373913
- ЦЈЗ Куманово 070/215-851
- ЦЈЗ Охрид 070/723-029
- ЦЈЗ Прилеп 076/475-747
- ЦЈЗ Скопје 071/289-614
- ЦЈЗ Струмица 072/235-543
- ЦЈЗ Тетово 075/240-464
- ПЕ Гостивар 076/365-161
- ЦЈЗ Штип 078/365-613
- ИЈЗ Скопје 078/387-194
- ЗД Ало докторе 02/15-123
- Дополнително,секој вработен кој има симптоми на грип или инфекција и се чуствува болен, има покачена телесна температура, кивање, главоболка, мускулна болка, општа слабост, респираторни симптоми, вклучувајќи кашлица, исцедок од нос и болки во грлото да не доаѓа на работа. Грипот е многу заразен од денот пред да се појават првите симптоми и до 5-7 дена откако ќе се разболите. Вработените кои ќе отсуствуваат од работа поради заболување од грип или инфекција ЗАДОЛЖИТЕЛНО да го известат својот претпоставен телефонски или преку електронска пошта, а отсуството од работа да го регулираат со боледување.
- Се затвора кантината во „М-НАВ“ А.Д. – Скопје а апаратите за храна и кафе нема да се дополнуваат по исцрпување на нивните залихи.
- Од сите вработени се очекува да применуваат зголемена хигиена со цел намалување на можноста од зараза:
- КЛ, ПКЛ и целиот останат персонал кој споделува работни уреди и средства (тастатури, глувчиња, телефонски уреди, и сл.) мора да го дезинфицира своето работно место при примопредавање на смената со антисептичните средства кои се доставени на работните позиции, а доколку снема средство истото да го пријави во магацин (лок 227 за просториите на Аеродром Скопје, 814 за просториите на СФРПРРИ, тел: 046 253 363 за просториите на Аеродром Охрид)
- Кваки од врати, тастери за отварање на врати, работни и заеднички маси и слично ќе се чистат од хигиена во почести интервали со алкохол или друго дезинфекционо сретство;
- Се препорачува избегнување на физички контакт (пр.ракување);
- Да се избегнува допирање на очите, устата, носот со раце;
- Редовно да се мијат рацете најмалку 20 секунди со сапун;
- При кашлање и кивање да се покрие устата или носот со хартиено марамче кое веднаш ќе се фрли, по што ќе се измијат рацете со средството за суво миење на раце, или друго средство со алкохол;
- Да се избегнува секаков контакт со лица кои имаат симптоми на настинка или грип (треска и кашлање /кивање);
- Водете сметка за сопственото здравје, спијте доволно, јадете здраво за да го одржите имунитетот на високо ниво со цел одбрана од вируси и бактерии со кои би дошле во контакт.
- Наведените постапки и процедури се препорачува вработените да ги применуваат и надвор од работното место, како на пример да се избегнуваат собири на луѓе.
- Да не се користат секаков тип на пливачки базени на територијата на Република Северна Македонија,
- Вработените целосно да ги почитуваат мерките за превенција од оваа болест упатени од Министерството за здравство. Воедно се укажува дека непочитувањето на објавените мерки ќе биде казниво согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.
- Вработените да се воздржат од коментари на социјалните медиуми во однос на интерните мерки на сила со ова соопштение.
Менаџментот на „М-НАВ“ – А.Д. – Скопје будно го следи развојот на ситуацијата со цел преземање на неопходните мерки. За воведување на нови-дополнителни мерки соодветно ќе бидат известени сите вработени. Овие постапки ќе бидат соодветно ажурирани согласно развојот на настаните и истите ќе бидат достапни на интранетот на „М-НАВ“– А.Д. – Скопје. ВАЖНО !!! Вашето здравје зависи од Вашата информираност и одржување на личната и колективната хигиена.