Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија во име на Владата на Република Северна Македонија склучи Меморандум за соработка со останатите Држави членки на функционалниот блок на воздушен простор BLUEMED FAB. Со ова се отвори вратата за активно учество на нашата држава во регионалната соработка меѓу државите членки во BLUEMED FAB , Република Кипар, Република Грција, Италија и Малта.

М-НАВ изразува посебно задоволство што наскоро преку свои номинирани претставници, заедно со претставници од Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе учествува на состаноците на Управниот одбор, Комитетите и работните групи на функционалниот блок на воздушен простор BLUEMED FAB, каде ќе има можност да размени мислења и ставови во насока кон подобрување на услугите во воздухопловната безбедност и задоволување на потребите на сите корисници на воздушниот простор.