Почитувани,

М-НАВ АД Скопје, го регистрираше првиот случај на вработен позитивен на корона вирусот Covid-19. Во насока на превенција од понатамошно ширење на вирусот, покрај интерните донесени мерки М-НАВ А.Д. Скопје постапи согласно насоките добиени од надлежните, ковид центарот и дежурниот епидемиолог. Во рамките на ова, покрај редовната извршена е и вонредна дезинфекција на работните простории од компанија која за тоа има одобрение од Министерството за здравство. Вработениот, како и сите утврдени ризични контакти се во самоизолација со соодветно издадени решенија.

Друштвото воспостави и дополнително засилени мерки на заштита и превенција и од тие причини максимално е ограничен пристапот на надворешни лица во објектите каде се сместени оперативните простории за што се надеваме дека ќе имате разбирање. Приоритет за нас во овој момент е континуитет во давањето на нашите услуги на безбеден и ефикасен начин и М-НАВ А.Д. Скопје уште поинтензивно ке работи и придонесува на заштита на своите вработени кои се главен ресурс за обезбедување на ефикасни и безбедни услуги на воздухопловната навигација за сите корисници на нашиот воздушен простор.

Менаџментот на М-НАВ будно го следи развојот на ситуацијата со цел преземање на неопходните мерки и во целост ги почитува препораките, заклучоците и мерките дадени од страна на Влада на РСМ и другите надлежни институции.


Тимот на М-НАВ АД Скопје му посaкува брзо опоравување на вработениот и на сите други добро здравје.