Состојбата со Covid-19 која трае во Европа некаде од почетокот на годината значително го погоди воздухопловниот сектор, што според експертските анализи авијациската индустрија ќе ја чини вкупно финанскиска штета од речиси 110 милијарди евра за сите чинители во воздухопловството т.е. авио компаниите, аеродромите и давателите на услуги. М-НАВ не беше поштедена од овие ефекти и најголем пад на сообраќајот од речиси 92,2 %, споредено со истиот месец минатата година (2019) бележи за месец Мај. Намалувањето на приходите кај М-НАВ за првите 6 месеци изнесува нешто повеќе од 4 милиони евра. Во текот на следните месеци, земајќи ги во предвид сите рестрикции и ограничувања поставени од државите по препорака на здраствените власти, на европско ниво се преземаа чекори за постепено враќање на воздушниот сообраќај и полека почнува да се забележува раст на сообраќајот. EUROCONTROL во месец Април презентираше две драфт сценарија за постепено враќање на воздушниот сообраќај во нормала. Последната анализа покажува дека актуелниот сообраќај на европско ниво се движи во согласност со предложеното координирано сценарио.


Извор: EUROCONTROL

Споредено со овие сценарија М-НАВ, во текот на месеците Април, Мај и Јуни беше со послаби резултати, но веќе во текот на месец Јули успешно опслужи 11282 прелети, што претставува 62,1% намалување од истиот месец минатата година со што се доближува до координираното сценарио


Податоците за М-НАВ се од сопствена статистика

Трендот продолжува и на почетокот на месец Август, благодарејќи првенствено на сообраќајот кон туристичките дестинации во Грција и Турција. Се радуваме на секое зголемување на сообраќајот и остануваме максимално посветени на безбедното давање услуга на своите клиенти.