Изминатата 2020 година за М-НАВ АД Скопје беше една од најтешките години како резултат на кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата.
Иако за време на летниот период забележавме минимално стабилизирање на состојбата како резултат на сообраќајот кон туристичките дестинации во Грција и Турција, во последниот квартал започна вториот бран на Ковид-19 што предизвика нови органичувања на државно ниво во повеќето европски држави кои што повторно воведоа нови превентивни мерки со делумно затворање на границите и изолација при влез на нивна територија и сето ова предизвика уште еден дополнител удар врз нашите приходи.
М-НАВ АД Скопје во 2020 година бележи загуба од над 5 мил еур која што директно и во голема мера влијае врз моменталната ликвидност на Друштвото.
ЕУРОКОНТРОЛ податоци
Во 2020 година Северна Македонија бележи пад во авио сообраќајот во просек од 58%, или околу 12 000 (само заминувања/пристигнувања) летови помалку споредено со претходната 2019 година.
Во однос на прелетите за минатата година бележиме пад од 57.1% додека за заминувања / пристигнувања -65.3% во споредба со 2019г.
Следната табела ја презентира состојбата на ниво на обласна контрола на летање (ACC) и за главниот аеродром во нашата држава
.Еуроконтрол – нови сценарија за авио сообраќајот во 2021 година
Во првиот месец од 2021г. се очекува приближно пад од -64%, што е близу до краткорочното нацрт сценарио на воздушен сообраќај на Еуроконтрол, а кое беше објавено во септември 2020г. Како одговор на најновите КОВИД бранови и ризиците поврзани со новите мутации на вирусот, многу држави низ цела Европа воведуваат мерки за патување, со што многу се обесхрабрува користењете на авио превозот, освен ако не е од суштински причини. Како резултат, побарувачката е во голема мера поттисната и авиокомпаниите драматично го намалуваат својот капацитет.
Се очекува епидемиолошката состојба да се подобри во многу европски држави во второто тримесечие од оваа година и дека најранливите категории на граѓани низ цела Европа ќе бидат вакцинирани (и покрај одложувањата во примената на планот за вакцинирање). За возврат, ова може да доведе до можноста несуштинските патувања да станат подостапни, што би довело до мало подобрување за време на второто тримесечие, проследено со поголемо нормализирање во авио превозот во летниот период.
Дури и ако епидемиолошката состојба е подобрена во второто тримесечие, многу држави потенцијално би можеле да продолжат со своите национални ограничувања во патувањата, што сериозно ќе ја намали побарувачката и можноста за користење на авио превозот кој може постепено да се нормализира најрано до летниот период. Земајќи ги сите овие информации во предвид, во Јануари 2021 Еуроконтрол изработи нови краткорочни сценарија за движењето на сообраќајот до Јуни месец при што се презентирани две сценарија. Истотака анализата за период до 2024 година за РС Македонија е дадена подоле со графикон зависно од динамиката со вакцинирање
М-НАВ АД Скопје како во 2020 година, така и во 2021 година ќе се соочува со драстичен пад на сообраќајот споредено со пред пандемијата, а со тоа и со директни финансиски импликации на Друштвото кои се предвидени да бидат над 55% од 2019 година.
Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје на чело со Претседателот уверува дека ќе продолжи да ги следи и анализира сите информации поврзани со кризата од Ковид-19 и тоа како да се подобри состојбата во воздушниот сообраќај. Се надеваме дека соработка меѓу државите за координирано да се регулираат мерките и ограничувањата за влез во земјите ќе продолжи кон позитивна насока, што би можело да биде појдовна точка за обнова на авио-индустријата. Динамиката со која би се извршила вакцинизација на населението за Ковид-19 на светско ниво игра клучна улога за побрзо враќање на авијацијата и зголемена побарувачка за авио превоз.
М-НАВ АД Скопје работи на собирање на анализи и статистики кои ќе ни помогнат во иднина да бидеме спремни во случај на вакви кризи.
Остануваме оптимисти дека со почеток на летото состојбата постепено ќе почне да се стабилизира и довербата кај луѓето за користење на авио превозот ќе се врати и како даватели на воздухопловни услуги остануваме посветени во нашата работа за пред се безбеден и ефикасен авио сообраќај.